Вести Економија Топ вести

Економија побара укинување на субвенционирата струја за прехранбениот сектор

Министерството за еконоимја денеска достави предлог одлука до Владата за укинување субвенционирата струја за компанииите од прехранбениот сектор, бидејќи тие не ги намалиле цените на производите и ја изиграа и Владата и граѓаните. Ова меѓу редови го најави министерот Бектеши кој кажа дека дури 70 отсто од компаниите ја изиграле оваа мерка, бидејќи користеле буџетски пари за поефтина струја а цените на производите останале исти.

„Според анализите на Министерството за економија, кај голем дел од компаниите кои што користеа субвенционирана електрична енергија од ЕСМ Продажба по цена од 80 евра за мегават час, нема намалување на цените на основните прехранбени производи. Врз основа на податоците од Државниот пазарен инспекторат, предлогот на Министерството за економија до Владата е да мерката да се укине за сите компании од прехранбениот сектор“, велат од министерство за економија.

Премиерот Ковачевски, пак, утрово соопшти дека е на ставот овие компании да се издвојат и да плаќаат струја по берзанска цена, додека компаниите кои се придржуваа до дговорот да продолжат со користење на мерката.

„Доколку нема објективни причини зошто цените не се намалени и покрај субвенционираната цена на електрична енергија, тогаш нормално дека нема да ја добиваат оваа цена бидејќи таа ја субвенционираат граѓаните“, изјави премиерот Ковачевски.

Ниту Ковачевски, ниту Бектеши засега не најавија евентуални казни за компаниите кои ги злоупотребија субвенциите и парите на граѓаните од Буџетот.

Премиерот соопшти дека пазарниот инспекторат врши проверки на фирмите кои користат субвенционирана струја и испитуваат доколку е утврдено дека цената не е намалена дополнително се проверува дали станува збор за изгирување на мерката или пак за скапи суровини.

Од пазарниот инспекторат потврдија дека регистрирале фирми кои не ги намалиле цените, иако ги користеле поволностите и повластената цена за струја. Инаку инспекторатот добил листа од над 250 компании кои се проверуваат, а извештајот и списокот на фирмите кои имаат исти цени на производите како во ноември и декември набргу ќе биде комплетиран ќе биде доставен до министерството за економија.

„Да, точно е. Државниот пазарен инспекторат доби насока од министерството за економија да изврши детална анализа и да изготви извешптај, односно сите оние компании производители кои користеле субвенционирана цена на електрична енергија со цел да се намалат цените. Моментално од досегашното сработено можам да истакнам дека дел од компаниите и производителите ги имаат намалено цените на производите, но дел воопшто ги немаат намалено. Инспекторите сè уште се на терен и очекувам извештајот да биде готов до крајот на идната недела кога и ќе биде доставен до економија“, изјави Горан Трајковски, директор на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ).

А колку буџетски пари се поторошени за субвенционирање на струјата за компаниите од прехранбениот сектор податоци нема ниту минстерот за финансии Бесими, ниту премиерот Ковачевски ниту пак министерот за економија Бектеши. Она што е потврдено е дека во декември и јанаури мерката ја користеле над 240 компании од прехрамбениот сектор.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Пјонгјанг продолжува да ги тестира севернокорејските воени капацитети

Дејан Дејан

Ќе се зголемува европскиот фонд за одбрана

Дејан Дејан

Инцидент во рудник во Русија, 13 луѓе се заробени под урнатини

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе