Политика

03.06.2011

ДЕНЕСКА ПРЕДИЗБОРЕН МОЛК, УТРЕ ГЛАСАЊЕ

slika

Синоќа на полноќ заврши предизборната кампања и почна 24-часовниот молк пред предвремените парламентарните избори што ќе се одржат в недела на 5 јуни.

Партиите, коалициите и независните кандидати кои се пријавија за учество на изборите, во изминатите 20 дена пред електоратот ги претставуваа своите програми и кандидати и ја побараа довербата од граѓаните.

Гласањето в недела на 5 јуни почнува во седум и ќе трае до 19 часот. Право на глас имаат 1.821.122 гласачи кои на 2976 избирачки места ќе можат да се изјаснат за 18 листи со 1679 кандидати. Првпат, тројца од идните 123 пратеници во Собранието ќе се бираат од дијаспората. Во трите изборни единици во странство - Европа и Африка,  Северна и Јужна Америка и во Австралија и Азија, се поднесени вкупно 19 кандидатски листи, за кои ќе можат да се изјаснат 7.258 македонски државјани, кои се пријавиле за гласање во Дипломатко конзуларните претсавништва. Гласањето на дијаспората ќе се одржи ден пред изборите, на 4 јуни.

Денеска избирачкото право ќе можат да го остварат и 2.222 лица кои се во притвор или на издржување казна затвор, 407 внатрешно раселени лица, како и болните и изнемоштените лица.

Парламентарните избори ќе ги следат 7.830 набљудувачи акредитирани во Државната изборна комисија, од кои 7.341 домашни и 489 странски. Од странските најбројни се на ОБСЕ/ОДИХР 234,  на Парламентарното собрание на ОБСЕ 47, на Амбасадата на САД 39,  делегацијата на Европската комисија 20 и на Советот на Европа 16, а свои набљудувачи ќе имаат и амбасадите на Франција, Словенија, Велика Британија, Русија, Чешка, Австрија, Турција, Кина, Унгарија, Хрватска, Италија и на Словачка во Скопје, Централната изборна комисија на Косово и на Меѓународната кризна група. Меѓу домашните набљудувачи најмногу се од Граѓанската асоцијација МОСТ 4.466, а преостанатите се од уште шест невладини организации.

ДИК соопшти дека се завршени сите подготовки за изборите, а гласачкиот материјал веќе е доставен до органите задолжени за нивно спроведување.

[ ]
 

ОСТАНАТИ СОДРЖИНИ ОД Политика

слика НАУМОВ САКА ПРОГРАМАТА ДА ЈА ПРЕТСТАВИ ПРЕД ОРГАНИЗАЦИИТЕ НА СДСМ
Кандидатот за претседател на СДСМ, Кире Наумов кој денеска ја претстави програмата, „Промена за промени“, досегашната кампања ја оцени како коректна. Тој рече дека голем број од делегатите на Когресот што треба да се одржи на 2 јуни покажуваат интерес за неговата...
слика МАКЕДОНСКА ДЕЛЕГАЦИЈА СЕ ПОКЛОНИ НА ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ
Македонската државна и црковна делегација предводена од претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, која престојува во Рим по повод манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил“, денеска во Ватикан беше примена од поглаварот на Римокатоличката црква...
слика ДО 3 ЈУНИ СДСМ ТРЕБА ДА ГИ НАПУШТИ ПРОСТОРИИТЕ ВО ШТИПСКАТА ОПШТИНА
...
слика ФОРМИРАНА ПАРТИЈА НА ОБЕДИНЕТИ ПЕНЗИОНЕРИ И ГРАЃАНИ
Денеска во Куманово се одржа Основачко собрание на новоформираната Партија на обединети пензионери и граѓани . Градејќи граѓански и мултиетнички концепт , пензионерите од Македонија ќе се обидат д апартиципираат во парламентот за да ја подобрат социјалната состојба во...
слика СО ГОЛЕМО МНОЗИНСТВО ЕП ЈА УСВОИ РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА МАКЕДОНИЈА
Резолуцијата за напредокот на Македонија во која се бара отпочнување на преговори со Европската Унија во јуни,  денеска беше усвоена во Европскиот парламент со големо мнозинство од  505 гласа за и 61 против. Во расправата што се одржа синоќа во Стразбур, известувачот за...
слика ХОВИТ:АПЕЛИРА МАКЕДОНИЈА ДА НАПРАВИ ИСЧЕКОР
Европскиот парламент ја усвои резолуцијата за напредокот на Македонија во 2012 година со која се повикува Европската унија без одлагање да одреди датум за почеток на преговори во јуни годинава....