Регион

28.10.2011

САНАДЕР ОД СУДОТ ВО ЗАГРЕБ ОДНЕСЕН НА КЛИНИКАТА „РЕБРО“

slika

-Се извинувам поради тоа што на себе немам костум. Ми беше речено дека ќе ме водат во болница. Со овие зборови поранешниот хрватски премиер Иво Санадер му се обрати на судот во Загреб на почетокот од судскиот процес против него.

Потоа судијата го ислуша судскиот вештак и поради проблеми со срцето кои ги имал Санадер во притворот, дозволи тој да биде одведен во клиниката „Ребро“. Новото рочиште е закажано за 3 и 4 ноември.

Тој ќе биде хоспитализиран неколку дена, доколку лекарите проценат дали е потребно да се изврши коронографија.

Санадер се товари за воено профитерство, бидејќи за време на војната во 1994 и 1995 година издејствувал провизија од 3,61 милион куни (483 илјади евра) од заемот на Хипо банка.

 

[ ]
 

ОСТАНАТИ СОДРЖИНИ ОД Регион

слика ПРОТЕСТЕН КОНЦЕРТ ВО САРАЕВО
Со рок концерт во Сараево, пред зградата на парламентот, синоќа продолжија протестите со цел да се добие единствен матичен број. На концертот настапија познати музички ѕвезди на БиХ, а во публика беше и Емин Хамидовиќ, таткото на бебето Берина кое почина, бидејќи навреме не...
слика БУГАРСКАТА ПОЛИЦИЈА АПСИ АНТИВЛАДИНИ ДЕМОНСТРАНТИ
Бугарската полиција уапси деветмина учесници на синоќешните антивладини протести пред зградата на Владата на Бугарија во Софија.  ...
слика ТАЧИ: НЕМА ПАЗАР СО СРБИЈА, НЕМА ГОЛЕМА АЛБАНИЈА
Нема да има размена на територии меѓу Косово и Србија, а нема да има ниту „Голема Албанија“, изјави косовскиот премиер Хашим Тачи во интервју за виенскиот весник „Ди Пресе“, нагласувајќи дека спроведувањето на српско-косовскиот Договор од Брисел нема алтернатива. ...
слика ЕРТ НЕ ЗРАЧИ ПРОГРАМА ИАКО ТОА ГО НАЛОЖИ ВРХОВНИОТ СУД
Државната грчка телевизија ЕРТ и натаму не емитува програма и покрај синоќешната одлука на Врховниот управен суд во земјата за суспензија на владината одлука за гаснење на сигналот на јавната радиотелевизија. Судот наложи дека до формирањето на новиот јавен сервис, ЕРТ...
слика УАПСЕН ЧОВЕКОТ КОЈ СО ЧАСОВИ СТОЕШЕ НА ПЛОШТАДОТ ТАКСИМ
 Рано утринава е уапсен човекот кој со часови мирно стоеше на плоштадот Таксим во Истанбул, пркосејќи и на турската полиција, а чие бдеење беше урнек за стотици други, јави американската мрежа Ци-Ен-Ен. ...
слика БУГАРСКАТА ВЛАДА НЕ САКА ДА ПОДНЕСЕ ОСТАВКА
Бугарскиот премиер Пламен Орешарски синоќа призна дека изборот на контроверзниот медиумски тајкун и пратеник Делијан Певски за директор на државната безбедносна агенција ДАНС претставувало грешка, но нагласи дека неговата Влада нема да поднесе оставка поради тоа. ...