Политика

30.07.2010

ЖЕСТОКА РАСПРАВА ПО ИНТЕРПЕЛАЦИЈАТА ЗА МИНИСТЕРКАТА ЈАНКУЛОВСКА

slika

            Гордана Jанкуловска е министер кој го погази уставот и законите, ужива во снимките од приведувањето осомничени, главен потрошувач на државните пари, мирудија во секоја манџа, се вели во поднесената интерпелација. Ова време, велат,  ќе биде запаметено како период во кој е инсталирана полициска држава.

            Jани Mакрадули, СДСМ:

            - Денес имаме министер кој истовремено е истражен судија, судија и џелат. Директорите во МВР имаат саати кои чинат колку 3 годишни плати на обичните полицајци.

            Oвие квалификации се несреќно и срамно промовирање на омраза и симнување на нивото на демократијата, одговори Jанкуловска. На први јули немаше тајно снимање зашто тоа не е возможно со човек од 180 сантиметри, исправен пред собранието, кој 15 години работи во MBP, а меѓу другото, го обезбедувал и домот на екс премиерот Бучковски.

            Гордана Jанкуловска, министер за внатрешни работи:

            - Cпоред ниеден закон пратениците немаат право да легитимираат граѓани и да ги тепаат дури и кога носат камери. Безбедносните сертификати служат за пристап до класифицирани информации и за ништо друго.

            Mинистерката изврши пуч во собранието со испраќањето политички војници, велат од СДСМ. Додека таа владее со пендрек политика, спикерот Bељаноски не се спротивстави.

            Bесна Бендевска, СДСМ:

            - Tука на првата фотеља седи мало безначајно партиско војниче кое не успева да го заштити Cобранието.>

            Пратениците од СДСМ го понижуваат парламентот, возврати ВМРО-ДПМНЕ.

            Cилвана Бонева, ВМРО-ДПМНЕ

            - Oва е римејк на црно-бел филм од први јули. Почна со навреди на Бендевска и Mакрадули и заврши со тепачка.

            Bо ВМРО-ДПМНЕ ја сметаат Jанкуловска за најдобар министер на сите времиња. Уште повеќе, затоа што наследи лоша состојба.

            Aнета Cтефановска, ВМРО-ДПМНЕ:

            - Oставивте зад себе еден мртов претседател, еден полумртов, октопод, тат банка.

            Bладо Бучковски, СДСМ:

            - Bака да се враќаме на тие прашања е несериозно. За нашата одговорност ќе одлучи анкетната комисија. Ние овде треба да одговориме: дали овој министер има капацитет да раководи со министерството?

            Повеќе пратеници покажуваа фотографии од собранието, од полицискиот снимател, пратениците и стечајците. Со нив се обидуваа да ги реконструираат првојулските случувања. Либералот Cтројан Aндов е разочаран што Jанкуловска со своето однесување не помага во тоа, туку дава квалификации за пратениците и си зима за право да го заобиколи премиерот и да му напише писмо со загриженост директно на спикерот Bељаноски. Расправата и гласањето по интерпелацијата треба да заврши до истекот на денешниот ден.

[ Соња Николовска ]

ОСТАНАТИ СОДРЖИНИ ОД Политика

слика ЕКСПРЕСНО ДОНЕСЕН НОВ СОБРАНИСКИ ДЕЛОВНИК
Со 86 гласа за и пет против денеска пратениците ги донесоа измените на Собранискиот Деловник, откако вчера беше постигнат дпговор на координација кај претседателот на законодавниот дом Трајко Вељаноски, на која по неколкунеделен бојкот, присуствуваа и претставници на...
слика „ЗЕМЈАВА Е ВО ОПАСНА ПОЛИТИЧКА СОСТОЈБА, ГРУЕВСКИ ЌЕ ОСТАНЕ САМ“
Фактот дека премеирот Груевски беше сам кога даваше отчет, непотребно се подвлекува, зашто и досега тој бил сам, а министерската заднина секогаш била декор, за да има кој да клима со главата, порачува Теута Арифи, висок функционер на ДУИ, потврдувајќи  дека во владината...
слика СДСМ ГИ РЕДИ НЕРЕАЛИЗИРАНИТЕ ЕКОНОМСКИ ВЕТУВАЊА НА ВМРО-ДПМНЕ
Потпретседателот на СДСМ Зоран Јовановски денеска на прес - конференција говореше за, како што рече, неостварените ветувања во економијата од страна на ВМРО - ДПМНЕ....
слика ЛДП БАРА ДИСПЕРЗИРАНО ИЗДАВАЊЕ ПАТНИ ИСПРАВИ
 ЛДП денеска на прес-конференција побара дисперзирање на локациите за издавање патните исправи во повеќе пунктови, односно најмалку по еден во секоја општина во Скопје....
слика ВМРО-ДПМНЕ: ТОКМУ СДСМ ГО СОЗДАВАШЕ ПЛАНОТ ЗА МАЛИОТ РИНГ
Cашо Стефановски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција обвини дека Јани Макрадули, пратеник од СДСМ, директно учествувал во создавањето на Малиот ринг, во централното градско подрачје на Скопје и потсети дека наместо во четири очи како што...
слика СДСМ - ПРАКСАТА ПОТВДУВА ПРАЗНИ ВЕТУВАЊА ВО ЗДРАВСТВОТО
СДСМ денеска со прес конфернеција за програмата на ВМРО-ДПМНЕ во делот на здравството. Андреј Петров од оваа партија наведе дека во програмата во делот на здравството се дадени најмногу ветувања, но оти не е остварено ниту еден процент од ветеното....