Свет

30.07.2010

ЧЕТИРИСТОТИНИ ЖРТВИ ВО ПОПЛАВИТЕ ВО ПАКИСТАН

slika

Билансот на загинатите во поплавите во Пакистан изминатите три дена достигна 397 лица, а повеќе од сто се ранети.

Спасувачките екипи трагаат по десетици исчезнати лица, откако поплавите, предизвикани од монсунските дождови, урнаа мостови, поплавија села, предизвикаа лизгања на земјиштето и оставија блокирани стотици илјади лица.

Најпогодена е северозападната провинција Хајбер Пахтунхва (поранешната Северозападна погранична провинција), која во 1929 година ја преживеа најголемата поплава.

Најмалку 313 лица загинаа во различни делови на провинцијата, изјави Муџахид Хан, портпарол на фондацијата „Едхи“, која раководи со локалната служба за итна помош. Повеќето од жртвите се во планинскиот регион Малаканд, каде поројните дождови предизвикаа свлечишта и ги блокираа главните патишта кон останатите делови на земјата. Најмалку 140 лица загинаа во регионот Шангла, а 135 во долината Сват, рече Хан. Седумнаесет лица загинаа во удар на гром во регионот Дир во Малаканд.

Според првичните проценки околу 400 илјади лица останаа без покрив над главата во таа пакистанска провинција.

Во пакистански Кашмир во поплавите загинаа најмалку 22 лица, а 13 лица животот го загубија во источната провинција Пенџаб.

[ ]

ОСТАНАТИ СОДРЖИНИ ОД Свет

 
ОБЕЗГЛАВЕН ПОЗНАТ АВГАНИСТАНСКИ НОВИНАР
Авганистанската полиција го истражува убиството на познатиот новинар Сајед Хамид Нури, кој бил неколкупати прободен со нож и обезглавен....
слика РАЗУРНУВАЊАТА ВО НОВ ЗЕЛАНД ПОГОЛЕМИ ОД ПРВИЧНАТА ПРОЦЕНКА
Вонредната состојба е продолжена до среда, а центарот на градот и натаму е изолиран. Експертите предупредуваат и дека во наредните денови може да се очекува нов силен потрес. Повеќе од 80 помали потреси се регистрирани по саботниот силен земјотрес од 7,1 степен според...
слика ШПАНСКАТА ВЛАДА ГО ОТФРЛИ ПОВИКОТ НА ЕТА ЗА ПРИМИРЈЕ
Шпанската влада го отфрли денеска соопштението за примирје на сепаратистчката група ЕТА и ја исклучи можноста за преговори за независна баскиска држава, оценувајЌи дека последните апсења им нанеле тежок удар на милитантите, кои очајнички сакаат да се регрупираат и...
слика РЕФЕРЕНДУМОТ ВО МОЛДАВИЈА НЕУСПЕШЕН
Референдумот на кој жителите на Молдавија вчера се изјаснуваа за тоа дали претседателот на државата ќе се бира на директни избори, не успеа поради слабиот одѕив....
слика ГВАТЕМАЛА - 28 ЛУЃЕ ЗАГИНАА ВО ОДРОН НА ЗЕМЈА
 Најмалку 28 лица загинаа синоќа при одрон на земјипте врз еден од главните автопатишта во централноамериканската држава Гватемала....
слика РЕФЕРЕНДУМ ЗА УСТАВНИ ИЗМЕНИ ВО МОЛДАВИЈА
Молдавците денеска гласаат на референдум за уставни измени, со кои претседателот на државата би се бирал на непосредни избори од граѓаните. Сега претседателот го бира Парламентот. Со измените треба да се прекине политичката криза во Молдавија. Пратениците не можат да...