Македонија

 
ОСОМНИЧЕНО ЛИЦЕ ЗА УБИСТВОТО НА КИЧЕВЧАНКАТА КРСТЕСКА
07.09.2010
 Кичевската полиција приведе едно лице осомничено за убиството на 75-годишната кичевчанка, Верица Крстеска. Под сомение дека е сторител на убиството, вчера попладне е приведено машко лице на возраст од околу 55 години....
 
ШТРАЈК ВО „КОЛСКА“ - ЗАПРЕН ВОЗНИОТ РЕД
06.09.2010
Вo изминатите десет години сите раководства на Фабриката за шински возила „Колска“ од Велес работеле на нејзиното уништување, обвинија денеска вработените. Револтирани поради состојбите го блокираа возот Велес - Скопје со барање до Владата, како сопственик на Фабриката,...
 
„АКАДЕМИЈА ИТАЛИЈАНА“ ВЕЌЕ БЕШЕ ЗАТВОРЕНА
06.09.2010
Министерството за образование не ја затвори привремено Академија Италијана, туку академијата самоиницијативно го стори тоа претходно, при крајот на академската година, објаснува поранешната директорка на Академија Италијана, Јасмина Митева. Додава дека министерството...
 
МАКЕДОНСКИТЕ РОМИ ПРОТЕСТИРАА ПРОТИВ ПОЛИТИКАТА НА САРКОЗИ
06.09.2010
Над триесетина граѓани од Ромска националност го изразија својот револт пред седиштето на Европската Унија во Скопје поради масовното протерување на ромите од Франција. Бараат од ЕУ и Франција да го сопрат присилното исфрлување на Ромите од нивните живеалишта, како  и да...
 
ОСМАНИ ВЕТИ ДЕКА ДОКТОРИТЕ - КОНЦЕСИОНЕРИ ЌЕ БИДАТ ОБЕСШТЕТЕНИ
06.09.2010
Изгубените работни денови и уништените опрема и инвентар во поликлиниката Јане Сандански, ќе ги надоместува фирмата изведувач, соопшти министерот Бујар Османи, кој после два дена од поплавите се појави на терен. Иако не бил присутен тврди дека уште од почетокот ја следи...
 
ИМА ЛИ СЛУЧАЈ ВО ТУЖБАТА НА ПРЕМИЕРОТ ПРОТИВ ФАРМЕРОТ ИЛИЕВСКИ ?
06.09.2010
На судењето на млекарот Душко Илиевски од Битола за навреда на премиерот Нукола Груевски, Судот денеска го одби барањето на одбраната да сведочи лично премиерот со образложение дека навредите не се однесувале на него. За одбраната тоа знаЧи дека воопшто  нема случа....
 
„ВОСТАНИЕ“ НА НОВИНАРИТЕ, СО КРАЈНА ЦЕЛ ФОРМИРАЊЕ СИНДИКАТ
06.09.2010
Кога се работи за новинарството потребно е силно здружение, синдикат и ослободување на Македонската радио телевизија од политичките притисоци, апелираат новинарите. Револтот предизвикан од долгогодишниот деградирачки однос кон професијата на групи и  поединци е...
 
ИСЧЕЗНАТИОТ ОВЧАР ОДЕДНАШ СЕ ПОЈАВИ СО ОВЦИТЕ
06.09.2010
Овчарот, кој пред два дена беше пријавен дека исчезнал на падините Шар Планина заедно со стадото од 600 овци, вчера попладне се вратил жив и здрав. ...
 
НЕГОТИНО ВО ЦЕЛОСНА БЛОКАДА - РЕВОЛТОТ НА ЛОЗАРИТЕ РАСТЕ ОД ЧАС ВО ЧАС
06.09.2010
Неготино од рано изутринава е под целосна блокада од околу петстотини лозари кои ги блокираа сите влезови и излези од градот. Со приклучна механизација, трактори, автомобили и товарни возила лозарите ги блокирaа и сите клучни центри во градот, како и ТЕЦ „Неготино“....
 
ПО ПОЛИЦИСКО ИСПРАШУВАЊЕ ЗАВРШИЛ ВО ПСИХИЈАТРИСКА БОЛНИЦА
05.09.2010
Прилепчанец ќе ја тужи државата, ако е потребно ќе оди и пред судот во Стразбур. Тој вели дека полицијата без причини го обвини и него и неговиот 23-годишен син за одгледување марихуана на земјиште во близината на нивната нива и дека неговиот син, по тортурите за време на...
 
ЛЕТОВО СЕ ИСПИЈА АНТИБИОТИЦИ КАКО ВО ЗИМСКИ, ГРИПОЗЕН ПЕРИОД !
05.09.2010
Неконтролирано користење на антибиотици дури и во летниот период, регистрирале фармацевтите. За настинка или вирусна инфекција граѓаните во земјава веднаш посегнуваат по антибиотик, иако во овој случај лекот не е соодветен за третман. Организмот станува отпорен, се...
 
ДОКТОРИТЕ ОД „ЈАНЕ САНДАНСКИ“ ЌЕ БАРААТ ОБЕСШТЕТУВАЊЕ ПЕКУ СУД
05.09.2010
Докторите кои имаат ординации под концесија во поликлиниката „Јане Сандански“, бараат соодветно обештетување откако вчера, поради недовршена реконструкција на покривот, дождот и им ги поплави просториите. Велат дека се разочарани од односот на Министерството за...
 
ОХРИД - ПОМЕН ЗА ЖРТВИТЕ ОД БРОДСКАТА НЕСРЕЌА
05.09.2010
-Се сеќавам на минатиот 5-ти септември, беше убав ден како денешниот и ништо не навестуваше дека ќе се случи такава трагедија, но ете се случи. Ние никогаш не смееме да го заборавиме овој ден и жртвите во страотната несреќа, но и спасителите благодарение на чија присебност...
 
ТОДОРОВ ЈА ЗАТВОРИ „АКАДЕМИЈА ИТАЛИЈАНА“
05.09.2010
Минситерството за образование и наука издаде решение за привремено затворање на Академија Италијана, откако оваа институција по извршената контрола во која се утврдени недоследности не постапи по забелешките и не ги отстрани во дадениот рок....
 
ИСЧЕЗНА ОВЧАР СО СТАДО ОД 600 ОВЦИ
05.09.2010
Овчар со стадо од 600 овци исчезнал во саботата на Шар Планина. Случајот во гостиварската полиција го пријавил сточар од Боговиње, сопственик на стадото овци.  ...
 
ЛОЗАРИТЕ ГО БЛОКИРАА НЕГОТИНО
05.09.2010
 Рано изутрина неколку стотици лозари од Тиквешијата од кои поголемиот број од неготинска општина ги блокираат сите излези од градот....
 
СВАДБАРИТЕ, ДОЈДЕНИ ОД ЛОНДОН, ИЗДЕЈСТВУВАА И ДОЗВОЛА ЗА „ГАЛЕБ“
04.09.2010
Во древниот амбиент на Античкиот театар во Охрид синоќа се одржа свaдбен коктел со кој младенците, успешни деловни луѓе кои живеат во Лондон, и пријателите кои ги имаше од целиот свет го прославија склучувањето на бракот. Свадбениот коктел се одржа специјален шатор...
 
ПОПЛАВЕНА ПОЛИКЛИНИКАТА „ЈАНЕ САНДАНСКИ“
04.09.2010
Поликлиниката „Јане Сандански“ во населбата Аеродром е поплавена, откако се преземени градежни работи на покривот од зградата, a од ноќеска врне дожд. Оштетена е скапа опрема, штета е предизвикана и на електричната инсталација во зградата, како и на таваниците и ѕидовите...
 
ИЗБРИШАН ОД БИРОТО ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ЗАШТО Е ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ГУЛАБАРИТЕ!
04.09.2010
Тодор Маџаров од Струмица е избришан од Бирото за невработени лица, зашто во евиденцијата на државата е заведен како претседател на гулабарско друштво. Неговиот ангажман, пехарите и признанијата што ги има добиено за државата се како доказ дека работа не му е потребна. Тоа...
 
БОЈКОТ НА НАСТАВАТА И ВО СВИЛАРЕ
03.09.2010
Бојкот и во подрачното основно училиште „Бајрам Шабани“ во скопско Долно Свиларе. Родителите на учениците велат дека нема да ги пуштат своите деца на настава се додека училиштето кое беше опожарено во февруари годинава не биде комплетно реновирано....