Македонија

23.07.2010

ПРЕМИЕРОТ НЕ ДОЦНЕШЕ

slika

Личен рекорд на премирот Никола Груевски. На свечено отворање на пат во скопското село Раштак доцнеше само десет минути. Но, на жителите на селото, влубеници во ликот и делото на Груевски, тоа воопшто не им пречеше. На + 35 степени беа подготвени да го чекаат додека нозе ги држат.

 

- Ние цела ноќ не спиеме за премирот. Ќе го чекаме да дојде. Ако треба и под шатори ќе бидеме, вели една жителка.

 

- Ич не ми шречи што го чекаме, додава друга.

- Прмеиере дали ова значи дека се променувате ? – Да.

 

На жешкото сонце не издржа ниту агрегатото за електрична енергија со кој се носеше струја за озвучувањето. Се случи експлозија по што агрегатот се запали. За кратко огнот беше изгасен и немаше повредени. Инаку премиерот Груевски изјави дека се интензивирани разговорите на медијаторот во спорот со името Метју Нимиц со грчката и македонската страна.Прашана дали се водат тајни преговори за конечно решавање на проблемот, тој одговори.

 

- Преговорите се водат во Њујорк. Засега нема нов момент.

 

Премиерот не одговори на прашањето дали на следниот самит на ЕУ Македонија може да очекува датум за преговори. Од друга страна најавува продолжување на борбата со криминалот со конфискување на нелегално стекантиот имот. Од конфискација досега во државната каса се влезени 12 милиони евра, а веѓе има и план за што ќе се користат. Никола Груевски одговори :

 

- Ќе се користат за социјална помош и за пензии.

[ Златко Симоновски ]

ОСТАНАТИ СОДРЖИНИ ОД Македонија

слика ОСОМНИЧЕНО ЛИЦЕ ЗА УБИСТВОТО НА КИЧЕВЧАНКАТА КРСТЕСКА
 Кичевската полиција приведе едно лице осомничено за убиството на 75-годишната кичевчанка, Верица Крстеска. Под сомение дека е сторител на убиството, вчера попладне е приведено машко лице на возраст од околу 55 години....
слика ШТРАЈК ВО „КОЛСКА“ - ЗАПРЕН ВОЗНИОТ РЕД
Вo изминатите десет години сите раководства на Фабриката за шински возила „Колска“ од Велес работеле на нејзиното уништување, обвинија денеска вработените. Револтирани поради состојбите го блокираа возот Велес - Скопје со барање до Владата, како сопственик на Фабриката,...
слика „АКАДЕМИЈА ИТАЛИЈАНА“ ВЕЌЕ БЕШЕ ЗАТВОРЕНА
Министерството за образование не ја затвори привремено Академија Италијана, туку академијата самоиницијативно го стори тоа претходно, при крајот на академската година, објаснува поранешната директорка на Академија Италијана, Јасмина Митева. Додава дека министерството...
слика МАКЕДОНСКИТЕ РОМИ ПРОТЕСТИРАА ПРОТИВ ПОЛИТИКАТА НА САРКОЗИ
Над триесетина граѓани од Ромска националност го изразија својот револт пред седиштето на Европската Унија во Скопје поради масовното протерување на ромите од Франција. Бараат од ЕУ и Франција да го сопрат присилното исфрлување на Ромите од нивните живеалишта, како  и да...
слика ОСМАНИ ВЕТИ ДЕКА ДОКТОРИТЕ - КОНЦЕСИОНЕРИ ЌЕ БИДАТ ОБЕСШТЕТЕНИ
Изгубените работни денови и уништените опрема и инвентар во поликлиниката Јане Сандански, ќе ги надоместува фирмата изведувач, соопшти министерот Бујар Османи, кој после два дена од поплавите се појави на терен. Иако не бил присутен тврди дека уште од почетокот ја следи...
слика ИМА ЛИ СЛУЧАЈ ВО ТУЖБАТА НА ПРЕМИЕРОТ ПРОТИВ ФАРМЕРОТ ИЛИЕВСКИ ?
На судењето на млекарот Душко Илиевски од Битола за навреда на премиерот Нукола Груевски, Судот денеска го одби барањето на одбраната да сведочи лично премиерот со образложение дека навредите не се однесувале на него. За одбраната тоа знаЧи дека воопшто  нема случа....