Македонија

23.07.2010

НА ПРОСВЕТАРИТЕ ИМ ДОЦНАТ ПЛАТИТЕ

slika

Вработените во образованието сеуште немаат земено плата.Во министерстовто за образование велат дека заради ребалансот на буџетот платата ќе биде поделена наредната недела.

 

Никола Тодоров, Министер за образование и наука:

,,Платите доцнат поради неодамнешниот ребаланс на буџетот.Ние ги изработивме кварталните ивештаи и очекуваме што поскоро да бидат префрлени средствата,рече министерот за образование и наука, Никола Тодоров“

 

Но, попладнево од минситерстовто за образование пристигна соопштение за дообјаснување на изјавата на министерот Тодоров, каде се вели дека по ребалансот на буџетот, минситерството ги префрлило средствата за платите на професорите во основното и средното образование, понатамошната исплата е во надлежнсот на општините.

 

Со измените во буџетот предвидено е училиштата да добијат повеќе средства, но тоа незначи дека ќе има покачувања на платите велат од Министерството.   Со подршка на Владата ќе се обезбедат  средства во висина од сто шеесет милиони денари за модернизација, но само за оние училишта кои поднеле најдобри планови за подобрување на   нивните работа.

 

Никола Тодоров, министер за образование и наука,

,,Се работи за 246 училишта кои аплицираа за грантовите.Беа избрани оние кои доставија планови,потврди министерот Тодоров“

 

За проектите добиено е позитивно мислење Светкста банка.Освен за градежните работи дел од парите ќе се наменат и за наставни помагала аудиовизуелни средства и набавка на  литература.

[ Павле Беловски ]

ОСТАНАТИ СОДРЖИНИ ОД Македонија

слика КИЗОВ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТ НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ
Константин Кизов е избран за нов претседател на Советот на јавни обвинители. Кизов најави решававње на финансиските проблеми на јавните обвинителства, како и надминување на проблемот со многу малиот одзив на конкурсите за прием на обвинители од срана на дипломирани лица...
слика ОСОМНИЧЕНО ЛИЦЕ ЗА УБИСТВОТО НА КИЧЕВЧАНКАТА КРСТЕСКА
 Кичевската полиција приведе едно лице осомничено за убиството на 75-годишната кичевчанка, Верица Крстеска. Под сомение дека е сторител на убиството, вчера попладне е приведено машко лице на возраст од околу 55 години....
слика ШТРАЈК ВО „КОЛСКА“ - ЗАПРЕН ВОЗНИОТ РЕД
Вo изминатите десет години сите раководства на Фабриката за шински возила „Колска“ од Велес работеле на нејзиното уништување, обвинија денеска вработените. Револтирани поради состојбите го блокираа возот Велес - Скопје со барање до Владата, како сопственик на Фабриката,...
слика „АКАДЕМИЈА ИТАЛИЈАНА“ ВЕЌЕ БЕШЕ ЗАТВОРЕНА
Министерството за образование не ја затвори привремено Академија Италијана, туку академијата самоиницијативно го стори тоа претходно, при крајот на академската година, објаснува поранешната директорка на Академија Италијана, Јасмина Митева. Додава дека министерството...
слика МАКЕДОНСКИТЕ РОМИ ПРОТЕСТИРАА ПРОТИВ ПОЛИТИКАТА НА САРКОЗИ
Над триесетина граѓани од Ромска националност го изразија својот револт пред седиштето на Европската Унија во Скопје поради масовното протерување на ромите од Франција. Бараат од ЕУ и Франција да го сопрат присилното исфрлување на Ромите од нивните живеалишта, како  и да...
слика ОСМАНИ ВЕТИ ДЕКА ДОКТОРИТЕ - КОНЦЕСИОНЕРИ ЌЕ БИДАТ ОБЕСШТЕТЕНИ
Изгубените работни денови и уништените опрема и инвентар во поликлиниката Јане Сандански, ќе ги надоместува фирмата изведувач, соопшти министерот Бујар Османи, кој после два дена од поплавите се појави на терен. Иако не бил присутен тврди дека уште од почетокот ја следи...