25.07.2010
СЛУЧАЈОТ НА ФАРМЕРОТ ИЛИЕВСКИ ЈА ЗАСЕНИ СРЕДБАТА ВО ТРНОВО
Случајот со битолскиот фармер Душко Илиевски го засени одржувањето на триестата јубилејна Семакедонска погранична средба во потпелистерското село Трново. Пратениците од Социјалдемократскиот сојуз Јани Макрадули и Весна Бендевска ја искористија можноста уште еднаш да ја искажат својата поддршка за битолскиот фармер, кој веќе десетина дена заедно со неговиот брат и татко е во притвор, а успеаја и да го привлечат вниманието на присутните, седнати во првиот ред, облечени во маици со слогани за поддршка и ликот на Душко. „Сакавме да му демонстрираме на премиерот Груевски дека во Македонија победува храброста и пркосот и правдата“, рече Јани Макрадули од СДСМ. Премиерот Никола Груевски реагираше дека опозицијата со ваквите апели врши терор врз институциите за ослободување на притворениот Илиевски. „Жалам што СДСМ врши притисок врз институциите и тие не може да работат според еден закон за едни а според друг за други луѓе.“ Груевски,обраќајќи се на средбата на етничките Македонци од соседните и прекуокеанските земји, се осврна на евроатлантските интеграции, и додаде дека пречка на патот кон ЕУ и НАТО не смее да биде самосвеста на Македонците. Им порача на македонските здруженија да бидат обединети и да продолжат со активностите за зачувување на културниот и националниот идентитет. „Нека постои обединувачки дух меѓу разните македонски здруженија. Разликите нека се решаваат со разговор, а помирувањето нека биде крајна цел.“, рече премиерот. Етничките Македонци потенцираа дека се противат на грчката дискриминаторска политика и рекоа дека за нив е неприфатливо да се промени уставното име на земјата. Побараа и тие да се вклучат во референдумот за одбрана на името. „Ако има референдум, бараме да гласаат и иселениците кои живеат надвор од земјата“ потенцираше Александар Поповски, претседател на Заедницата на организациите на етничките Македонци протерани од Грција. Средбата под мотото „Вечна да е Македонија“, по Трново продолжи на граничниот премин Меџитлија.
ОСТАНАТИ СОДРЖИНИ ОД Македонија
|
|
РАБОТНИЦИТЕ НА „КОЛСКА“ ПРОТЕСТИРАA ПРЕД ВЛАДАТА
Работниците на фабриката за шински возила „Колска“ од Велес денеска протестираа пред зградата на Владата со барање за исплата на заостанатите плати и решавање на статусот на фабриката чиј сопственик е државата. Владата ветува плата до петок, но не е јасно што ќе се...
|
|
|
ДЕСЕТ ПЛОТУНИ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА
По повод денот на независноста - 8 Септември, денеска во касарната „Илинден“ во Скопје беше извршена стрелба со 10 плотуни од 12 артилериски орудија. Вечерва, по повод празникот, свечен прием во Собранието на Македонија организира претседателот на парламентот Трајко...
|
|
|
КИЗОВ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТ НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ
Константин Кизов е избран за нов претседател на Советот на јавни обвинители. Кизов најави решававње на финансиските проблеми на јавните обвинителства, како и надминување на проблемот со многу малиот одзив на конкурсите за прием на обвинители од срана на дипломирани лица...
|
|
|
ОСОМНИЧЕНО ЛИЦЕ ЗА УБИСТВОТО НА КИЧЕВЧАНКАТА КРСТЕСКА
Кичевската полиција приведе едно лице осомничено за убиството на 75-годишната кичевчанка, Верица Крстеска. Под сомение дека е сторител на убиството, вчера попладне е приведено машко лице на возраст од околу 55 години....
|
|
|
ШТРАЈК ВО „КОЛСКА“ - ЗАПРЕН ВОЗНИОТ РЕД
Вo изминатите десет години сите раководства на Фабриката за шински возила „Колска“ од Велес работеле на нејзиното уништување, обвинија денеска вработените. Револтирани поради состојбите го блокираа возот Велес - Скопје со барање до Владата, како сопственик на Фабриката,...
|
|
|
„АКАДЕМИЈА ИТАЛИЈАНА“ ВЕЌЕ БЕШЕ ЗАТВОРЕНА
Министерството за образование не ја затвори привремено Академија Италијана, туку академијата самоиницијативно го стори тоа претходно, при крајот на академската година, објаснува поранешната директорка на Академија Италијана, Јасмина Митева. Додава дека министерството...
|
Премиерот Груевски го поздрави донесувањето на собранискиот Деловник
Иванов со позитивни очекувања од посетата на Брисел
Комитет на Европарламентот ја поддржа визната либерализација за Албанија и БиХ
Баросо: Пред Европската унијата стојата пет големи предизвици
Намалена каматната стапка на државните записи за 0,3 отсто
Југозападниот бедем на Скопско кале осветлен за 8 Септември
За пратениците корисна средбата со шефот на државата пред заминувањето во Брисел
Груевски: Зголемената стокова размена уште еден добар сигнал за подобрување на економијата
Груевски: Владата ќе направи напори да најде дополнителни средства за Антикорупциска, ако се доведе во прашање нејзиното работење
Кавадаречките лозари имаат целосна поддршка од локалната самоуправа за надминување на проблемите
Убиецот на кичевката Верка Лазеска со кривична пријава пред истражен судија
Во последните три месеци повеќе од 1.000 пријави за кршење на работничките права
На 14 септември премиерна изведба на „Среќни денови“ на Семјуел Бекет во изведба на охридскиот Градски театар
Питер Фејт: Нема разговор за статусот на Косово
Словенија, Хрватска и Србија ќе формираат заедничко железничко претпријатие
Цветковиќ се надева дека СБ ќе ја усвои резолуцијата за Косово
„Кроација ерлајнз“ не е заинтересирана за здружување
Новиoт сoстав на грчката Влада положи заклетва
Комитет на Европарламентот ја поддржа визната либерализација за Албанија и БиХ
Лажна тревога во авион на „Монтенегро ерлајнс“
Отунбаева се закани со откажување на изборите
Марс можеби сепак не е безживотен
МААЕ ја критикува Сирија дека одбива да дозволи инспекции на ОН на сомнителен објект разурнат од израелски воздушен напад во 2007
Тропската бура „Хермина“ стигна во Тексас
Десетици куќи уништени во голем шумски пожар во Колорадо
Северна Кореја бара од САД да ги повлечат трупите од полуостровот
Можно е ширење на тропските болести поради глобалното затоплување
- Во Македонија
- Во Грција
- Во Албанија
- Во Турција
- Во Бугарија
- На Јадранско Море
- На друго место
| Ознака | Држава | Ном. | Куповен | Продажен |
|---|---|---|---|---|
| EUR | ЕМУ | 1 | 61.24 | 61.85 |
| USD | С А Д | 1 | 47.57 | 48.05 |
| CHF | Швајцарија | 1 | 46.85 | 47.33 |
| GBP | В.Британија | 1 | 73.06 | 73.79 |
| SEK | Шведска | 1 | 6.58 | 6.65 |
| NOK | Норвешка | 1 | 7.77 | 7.85 |
| JPY | Јапонија | 100 | 56.48 | 57.05 |
| DKK | Данска | 1 | 8.22 | 8.31 |
| CAD | Канада | 1 | 45.97 | 46.44 |
| AUD | Австралија | 1 | 43.64 | 44.08 |
