Македонија

25.07.2010

СДСМГО ОБВИНУВА КОЊАНОВСКИ ЗА РАСИПНИЧКО ТРОШЕЊЕ

slika

Социјалдемократскиот сојуз бара од Антикорупциската комисија да го испита случајот за незаконско трошење државни пари од страна на сопругот на раководителката за меѓународна соработка во Министерството за одбрана, Бојан Ефтимов. Обвинуваат дека со одобрение на министерот Зоран Коњановски, Ефтимов пред две години бил ангажиран во организацијата на регионалната конференција на министри во Охрид, иако  не бил вработен во Министерството.

 

- Ова е документ од кој се гледа дека Ефтимов, бил задолжен за презентација на минисерската конференција за која владата му платила 160.000 денари, вели Горан Минчев, СДСМ.

 

Ова не е прва реакција на СДСМ за, како што велат,  незаконска работа на Ефтимов во Министерството за одбрана. Минатиот месец објавија документи според кои министерот Коњановски заедно со раководителката Ефтимова, годинава го ангажирале нејзиниот споруг и во организацијата на конференцијата која се одржа во Битола, за која владата одвоила 1 ипол милиони денари. Ефтимов, според СДСМ на конференцијата преговарал и склучувал  договори со правни лица во име на Министерството за што потрошил дополнителни 50 илјади евра.

 

- Зошто од толку вработени во Министерството за одбрана, мора да функционира и семејството ефтимови. Тоа е доказ дека секаде каде раководи Зоран Коњановски се случуваат скадалозни злоупотреби, како онаа во РЕК Битола, вели Минчев.

 

Од Министерството за одбрана преку соопштение ги отфрлија обвинивањата на СДСМ како невистинити. Социјал демокртатксио сојуз, неможе да се помири со факот дека за само две години министерството организира две значајни конференции од областа на одбраната, што не се случила за време на нивнтото владеењ, па затоа обвинуваат за недомаќинско трошење и ангажирање надвоерешнии лица, пишува во соопштението. Од таму велат дека  ги поседувата сите документи поврзанио со двете конференции од кои може да се потврди законското и транспаренот работење на Министерството.

[ Дејан Ристовски ]

ОСТАНАТИ СОДРЖИНИ ОД Македонија

слика ОСОМНИЧЕНО ЛИЦЕ ЗА УБИСТВОТО НА КИЧЕВЧАНКАТА КРСТЕСКА
 Кичевската полиција приведе едно лице осомничено за убиството на 75-годишната кичевчанка, Верица Крстеска. Под сомение дека е сторител на убиството, вчера попладне е приведено машко лице на возраст од околу 55 години....
слика ШТРАЈК ВО „КОЛСКА“ - ЗАПРЕН ВОЗНИОТ РЕД
Вo изминатите десет години сите раководства на Фабриката за шински возила „Колска“ од Велес работеле на нејзиното уништување, обвинија денеска вработените. Револтирани поради состојбите го блокираа возот Велес - Скопје со барање до Владата, како сопственик на Фабриката,...
слика „АКАДЕМИЈА ИТАЛИЈАНА“ ВЕЌЕ БЕШЕ ЗАТВОРЕНА
Министерството за образование не ја затвори привремено Академија Италијана, туку академијата самоиницијативно го стори тоа претходно, при крајот на академската година, објаснува поранешната директорка на Академија Италијана, Јасмина Митева. Додава дека министерството...
слика МАКЕДОНСКИТЕ РОМИ ПРОТЕСТИРАА ПРОТИВ ПОЛИТИКАТА НА САРКОЗИ
Над триесетина граѓани од Ромска националност го изразија својот револт пред седиштето на Европската Унија во Скопје поради масовното протерување на ромите од Франција. Бараат од ЕУ и Франција да го сопрат присилното исфрлување на Ромите од нивните живеалишта, како  и да...
слика ОСМАНИ ВЕТИ ДЕКА ДОКТОРИТЕ - КОНЦЕСИОНЕРИ ЌЕ БИДАТ ОБЕСШТЕТЕНИ
Изгубените работни денови и уништените опрема и инвентар во поликлиниката Јане Сандански, ќе ги надоместува фирмата изведувач, соопшти министерот Бујар Османи, кој после два дена од поплавите се појави на терен. Иако не бил присутен тврди дека уште од почетокот ја следи...
слика ИМА ЛИ СЛУЧАЈ ВО ТУЖБАТА НА ПРЕМИЕРОТ ПРОТИВ ФАРМЕРОТ ИЛИЕВСКИ ?
На судењето на млекарот Душко Илиевски од Битола за навреда на премиерот Нукола Груевски, Судот денеска го одби барањето на одбраната да сведочи лично премиерот со образложение дека навредите не се однесувале на него. За одбраната тоа знаЧи дека воопшто  нема случа....