Македонија

30.07.2010

ОСМАНИ: ОСТАВКАТА Е БЕГАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТА, А ТОА НЕ Е МОЈ СТИЛ

slika

Поднесувањето оставка би значело бегање од проблемите, а одговорност се презема преку соочување со нив, им порача Османи на жените од националниот совет кои вчера побараа да ја напушти функцијата министер за здравство. Катастрофалната состоба во родилиштата е наследена, министертвото само ја констатирало и понудило решенија, се одбрани Османи, кој по жестоките реакции за лошите услови во родилиштата го означи стартот на реконструкцијата на Гинекологија Чаир.

 

Оставката не е мој стил на работа, јас не сум така воспитан. Се разбира дека чувствувам одговорност за тоа што се случува во здравството и покрај тоа што за голем дел од работите кои ми се припишуваат не сум директно одговорен, вклучувајќи го и третманот на пацинетите. Меѓутоа, тоа што го правиме изминатиов период со реконструкцијата, набавката на опрема и што е најбитно за прв пат констатација на проблемите во породилиштата, значи дека 20 години наназад никој не влегол да процени каква е состојбата. Ние тоа го направивме и за тоа јавно проговоривме. Ние не ги криеме работите и не ги ставаме под тепих, изјави министерот за здравство.

 

Додека се реконструираат старите објекти, новата зграда на клиниката за гинекологија сеуште не е отворена. Нема да стартува се додека не се набави комплетно нова опрема.

 

Во таква убава зграда не би сакале да почнеме со стари кревети. Сакаме да личи на вистинска модерна болница, рече Осмнаи.

 

За недостатокот на кадар вели Османи, ќе се одлучува на седница на Влада. Дотогаш болицата во Чаир ќе продолжи да работи со само 12 гинеколози, кои и со зачестени дежурства едвај функционираат.

 

На секоја трета или четврта вечер дежураме. Со новата зграда добиваме нови 40 болнички кревети кои ќе бидат исклучително за акушерски случаи, добивме две нови операцииони сали...По наша проценка ќе бидат потребни околу 30 нови вработувања, изјави Мендух Јегени, директор на Гинекологија Чаир

 

Барањето за нови вработувања, раководството на болницата постојано го обновува. Фондот и Министертвото за здравство го одобруваат, но го одбива Финанси, вели Јегени. На недостаток на кадар пред неколку дена укажуваше и Комисијата за стручен надзор. На последната контрола утврдила дека ниту едно родилиште во земјата не ги исполнува условите за работа, а дека сликата е најлоша во Велес и во Штип.

[ Весна Јовановска-Дојчиновска ]

ОСТАНАТИ СОДРЖИНИ ОД Македонија

слика РАБОТНИЦИТЕ НА „КОЛСКА“ ПРОТЕСТИРАA ПРЕД ВЛАДАТА
Работниците на фабриката за шински возила „Колска“ од Велес денеска протестираа пред зградата на Владата со барање за исплата на заостанатите плати и решавање на статусот на фабриката чиј сопственик е државата. Владата ветува плата до петок,  но не е јасно што ќе се...
слика ДЕСЕТ ПЛОТУНИ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА
По повод денот на независноста - 8 Септември, денеска во касарната „Илинден“ во Скопје беше извршена стрелба со 10 плотуни од 12 артилериски орудија. Вечерва, по повод празникот, свечен прием во Собранието на Македонија организира претседателот на парламентот Трајко...
слика КИЗОВ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТ НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ
Константин Кизов е избран за нов претседател на Советот на јавни обвинители. Кизов најави решававње на финансиските проблеми на јавните обвинителства, како и надминување на проблемот со многу малиот одзив на конкурсите за прием на обвинители од срана на дипломирани лица...
слика ОСОМНИЧЕНО ЛИЦЕ ЗА УБИСТВОТО НА КИЧЕВЧАНКАТА КРСТЕСКА
 Кичевската полиција приведе едно лице осомничено за убиството на 75-годишната кичевчанка, Верица Крстеска. Под сомение дека е сторител на убиството, вчера попладне е приведено машко лице на возраст од околу 55 години....
слика ШТРАЈК ВО „КОЛСКА“ - ЗАПРЕН ВОЗНИОТ РЕД
Вo изминатите десет години сите раководства на Фабриката за шински возила „Колска“ од Велес работеле на нејзиното уништување, обвинија денеска вработените. Револтирани поради состојбите го блокираа возот Велес - Скопје со барање до Владата, како сопственик на Фабриката,...
слика „АКАДЕМИЈА ИТАЛИЈАНА“ ВЕЌЕ БЕШЕ ЗАТВОРЕНА
Министерството за образование не ја затвори привремено Академија Италијана, туку академијата самоиницијативно го стори тоа претходно, при крајот на академската година, објаснува поранешната директорка на Академија Италијана, Јасмина Митева. Додава дека министерството...