31.07.2010
ГРЦИЈА: ТЕНЗИИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ, АРМИЈАТА ДОТУРА БЕНЗИН ДО ПУМПИТЕ
Продолжуваат тензиите во Грција меѓу специјалната полиција и штрајкуваЧите на патарините кои водат надвор од Атина. Штрајкувачите се обидоа да ги запрат камионите кои носат гориво и други производи да помогнат во надминувањето на кризата создадена со протестот на повеќе од 60 000 приватни превозници на нафта. Грчките власти со воени камиони и бродови започнаа да пренесуваат нафта со цел да ги ублажат последиците од штрајкот кој им нанесе огромни загуби на грчката индустрија и туризам во екот на сезоната на годишни одмори. Војската им доставува гориво на аеродромите, болниците и останатите клучни објекти.
Ние сме овде затоа што владата не сака да ја промени својата позиција, верувајќи дека се моќни а според нас тие направија голема грешка и никакви фашистички мерки нема да им помогнат. Ако не се повлечат од одлуката да ни ги конфискуваат камионите и да седнат да разговараат со нас, ние ќе продолжиме да се спротиставуваме на овие фашистички мерки. - порача еден од штрајкувачите
Полицијата денеска е во придружба на камионите кои влегуваат и излегуваат од рафинериите како и низ патарините. Штрајкувачите нападнале неколку возила и се обидуваат со блокади да го спречат заминувањето на камионите од рафинериите. Илјадници странски туристи остануваат неподвижни во Грција додека зачестија и откажувањата во хотелите. Ниту предупредувањата за можни затворски казни не ги поколебаа демонстрантите.
Немаме друг избор сега. Нема избор. Ова е еднонасочна улица. Овие дозволи беа купени, не ни беа дадени од ПАСОК или Нова Демократија или некој друг. - вели Јанис Јавридис од здружението на возачи на цистерни од Тракија и Македонија
Државата не е беспомошна. Општеството не е без заштита. Реформите ќе продолжат и оние кои имаат голема одговорност кон општеството и Грчката држава, може и сега да ја превземат. Во спротивно тие остануваат единствено одговорни за тоа што ќе се случи. - вели Министерот за Транспорт на Грција, Димитрис Репас.
Штрајкот на приватните превозници на гориво е предизвикан од одлуката на владата да го либерализира нивниот сектор. Реформите кои ги спроведува владата на ПАСОК се неопходни заради добивање на огромната меѓународната финансиска помош која ја спаси Грција од банкрот. Во атина во моментов престојува и делегација од Европската Унија и ММФ со цел да го анализира прогресот во спроведувањето на реформите.
ОСТАНАТИ СОДРЖИНИ ОД Балкан
|
|
СРБИЈА НАЈГОЛЕМ ИЗВОЗНИК НА ОРУЖЈЕ ВО РЕГИОНОТ
Србија е најголем извозник на оружје и воена техника во регионот на Југоистолна Европа, „од Турција до Австрија“, изјави денеска српскиот министер за одбрана Драган Шутановац. За време на одбележувањето на Денот на Военото воздухопловство на воениот аеродром Лажевци,...
|
|
|
ГРЧКИТЕ КАМИОНЏИИ ГО ПРЕКИНАА ШТРАЈКОТ
Сопствениците на камиони во Грција соопштија денеска дека го завршуваат седумдневниот штрајк и започнуваат преговори со владата.Штрајкот предизвика голем недостаток на гориво и незапамтени блокади на сообраќајот во оваа земја во екот на туристичката сезона....
|
|
|
ИВИЦА ДАЧИЌ: СЕ СОЗДАВА ГОЛЕМА АЛБАНИЈА
Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ во недела изјави дека на Балканот се уште не се решени албанското и српското прашање.„На дело имаме создавање на „Голема Албанија“. Албанците веќе имаат една држава, сега на Косово создаваат втора, а можеби...
|
|
|
СОЛУН: СУДИР НА ПОЛИЦИЈАТА СО КАМИОНЏИИТЕ
Грчката полиција се судри денеска со сопствениците на камиони и на цистерни во близина на нафтената рафинерија покрај Солун. Припадниците на полициската единица за борба против нереди употребија палки за да ги растераат сопствениците на камиони и цистерни, кои се...
|
|
|
ГРЦИЈА: СУДИР МЕЃУ КАМИОНЏИИТЕ И ПОЛИЦАЈЦИ
Група грчки возачи на камиони, кои веќе неколку дена штрајкуваат, се судрија изутринава со полицијата пред зградата на Министерството за транспорт во Атина. ...
|
Премиерот Груевски го поздрави донесувањето на собранискиот Деловник
Иванов со позитивни очекувања од посетата на Брисел
Комитет на Европарламентот ја поддржа визната либерализација за Албанија и БиХ
Баросо: Пред Европската унијата стојата пет големи предизвици
Намалена каматната стапка на државните записи за 0,3 отсто
Југозападниот бедем на Скопско кале осветлен за 8 Септември
Кавадаречките лозари имаат целосна поддршка од локалната самоуправа за надминување на проблемите
Убиецот на кичевката Верка Лазеска со кривична пријава пред истражен судија
Во последните три месеци повеќе од 1.000 пријави за кршење на работничките права
На 14 септември премиерна изведба на „Среќни денови“ на Семјуел Бекет во изведба на охридскиот Градски театар
Кривична пријава за поранешна службеничка во штипскиот Основен суд
Премиерот Груевски го поздрави донесувањето на собранискиот Деловник
Првичниот записник за штетата од поплавувањето во „Јане Сандански“ доставен до Министерството за здравство
Питер Фејт: Нема разговор за статусот на Косово
Словенија, Хрватска и Србија ќе формираат заедничко железничко претпријатие
Цветковиќ се надева дека СБ ќе ја усвои резолуцијата за Косово
„Кроација ерлајнз“ не е заинтересирана за здружување
Новиoт сoстав на грчката Влада положи заклетва
Комитет на Европарламентот ја поддржа визната либерализација за Албанија и БиХ
Лажна тревога во авион на „Монтенегро ерлајнс“
Отунбаева се закани со откажување на изборите
Марс можеби сепак не е безживотен
МААЕ ја критикува Сирија дека одбива да дозволи инспекции на ОН на сомнителен објект разурнат од израелски воздушен напад во 2007
Тропската бура „Хермина“ стигна во Тексас
Десетици куќи уништени во голем шумски пожар во Колорадо
Северна Кореја бара од САД да ги повлечат трупите од полуостровот
Можно е ширење на тропските болести поради глобалното затоплување
- Во Македонија
- Во Грција
- Во Албанија
- Во Турција
- Во Бугарија
- На Јадранско Море
- На друго место
| Ознака | Држава | Ном. | Куповен | Продажен |
|---|---|---|---|---|
| EUR | ЕМУ | 1 | 61.24 | 61.85 |
| USD | С А Д | 1 | 47.57 | 48.05 |
| CHF | Швајцарија | 1 | 46.85 | 47.33 |
| GBP | В.Британија | 1 | 73.06 | 73.79 |
| SEK | Шведска | 1 | 6.58 | 6.65 |
| NOK | Норвешка | 1 | 7.77 | 7.85 |
| JPY | Јапонија | 100 | 56.48 | 57.05 |
| DKK | Данска | 1 | 8.22 | 8.31 |
| CAD | Канада | 1 | 45.97 | 46.44 |
| AUD | Австралија | 1 | 43.64 | 44.08 |
