Фудбал

25.07.2010

Ф1 Гран При на Германија-победа на Алонсо,казна за Ферари

slika

Ферари се врати на победничките патеки но ’’Скудерија’’ остана со старите навики.Италијанкиот тим забележа еден два победа, Алонсо пред Маса, но поради сомневање дека имало  индиректна тимска наредба која влијеала ,бразилецот да го пропушти Ферандо Алонсо,ФИА со 100 000 долари ја казни победичката екипа и најави продолжување на истрагата.Тимските наредби во Ф1 се забранети од 2003

 

Шпанецот Фернандо Алонсо победи на германското гран при,11 трка од календарот на формула 1 првенството.До вториот триумф во 2010 година,23 во кариерата,Алонсо стигна пред клупскиот колега Фелипа Маса и пилотот на Ред Бул,Себастијан Фетел.Германецот во австриски болид не успеа да ја одбрани  пол позицијата.Фетел  падна на третото место во почетниот круг,откако тандемот на Ферери имаше феноменален старт.Тоа што го најавија на квалификациите каде доминираа во текот на целата сесија,Алонсо и Маса го  потврдија и на самата трка.Низ 67 кругови на познатиот автодром,Ферари не го испушти водството,но сенка на трумфот фрли индиректната тимска наредба.Маса беше лидер на 20 кругови до крајот кога ги испочитува укажувањата од боксот дека Алонсо е побрз а од бразилецот  се бараше да потврди дали ја разбрал \"пораката\".Во 49 круг Маса  го пропушти Алонсо на првата позиција која двократниот светски шампион ја задржа до крајот на трката со што и остана во конкуренција за наслов кај возачите.

Водечкиот во генералата,Луис Хамилтон стигна со својот Мејкларен до 4 место,зад него финишираа,клупскиот колега Џенсон Батон,Вебер на Ред Бул,Кубица со Рено,Розберг и Шумахер во болидите на Мерцедес,10 заврши русионот Петров  од тимот на Рено.

Хамилтон има 157 бодови по крајот на германското гран при,Батон 143,Вебер И Фетел се изедначени со 136.Алонсо се доближи до водечките и по денешната победа стигна до 123 бодови.

Следната 12 трка од 19 на календарот за 2010 ќе се вози на 1 август за Големата Награда на Унгарија во Хунгароринг.

[ ]

ОСТАНАТИ СОДРЖИНИ ОД Фудбал

слика ПОБЕДА УТРЕ ПРОТИВ ЕРМЕНИЈА ЕДИНСТВЕНА ОПЦИЈА ЗА ФУДБАЛСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА
Поразот од Словачка е минато и нема време за анализа, следува Ерменија утре во Скопје која едноставно мора да ја победиме, вака размислуваат во нашата репрезентација пред втората средба во квалификациите за ЕП кое 2012 ќе се одржи во Полска и Украина.Селекторот Мирсад Јонуз...
слика Квалификации за ЕП 2012-Македонија поразена од Словачка
Словачка-Македонија 1:0...
слика МАКЕДОНИЈА ВЕЧЕРВА ПРОТИВ СЛОВАЧКА ГИ ЗАПОЧНУВА КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ЕП 2012
Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва од 20:30 во Братислава на стадионот  Пасиенки против Словачка  ги започнува квалификациите за ЕП кое 2012 година ќе се одржи во Полска и Украина. Ова ќе биде петти  официјален  натпревар со Словачка од која досега загубивме...
слика МАКЕДОНИЈА ПРОТИВ СЛОВАЧКА УТРЕ ГИ ЗАПОЧНУВА КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ЕП
Фудбалската репрезентација на Македонија утре  против Словачка ги започнува квалификациите за ЕП. Селекторот Мирсад Јонуз и капитенот Горан Пандев денеска на прес конференција во Братислава порачаа дека Словачка е фаворит но Макеоднија има капцитет да...
слика ОДИГРАНИ СИТЕ СРЕДБИ ВО 5 КОЛО ВО ПМФЛ
Со средбата Шкендија - Силекс комплетирано 5-то коло во ПМФЛ. Во ова коло Вардар ја забележа првата победа сезонава против Пелистер кого го совлада со 1:0. На табелата по ова коло во водство е Металург со 11 бода пред Хоризонт со 10 и Тетекс кој има 9 бода....
слика ЗЛАТАН ИБРАХИМОВИЌ ОФИЦИЈАЛНО ВО МИЛАН
Повеќе нема дилеми Ибрахимовоќ е нов играч на Милан кој на Барселона доколку  и исплати 24 милиони евра ќе го обезбеди како свој играч. Златан Ибрахимовиќ во Милан ќе заработува 8 милиони евра и е позајмен играч оваа сезона. Преговирите траеа цела недела и вечерва се успешно...