29.07.2010
ЛЕ: Работнички го пречекува Ливерпул и се надева на реми за клупската историја
Работнички ќе го пречека најголемиот противник во клупската историја и најславниот тим што воопшто допатувал во Македонија, англискиот гигант Ливерпул, во третото квалификациско коло од Лигата на Европа. Владее оптимизам во редовите на „дебармаалци“, со порака до 22 илјадната публика на „Филип втори“ арената дека со отворен фудбал ќе му се спротивстават на големиот противник и ќе се борат за позитивен резултат, да останат непоразени, што според тренерот Зоран Стратев е можно да се оствари со офанзивна формација.
„Сигурен сум дека љубителите на фудбалот ќе бидат задоволни без разлика на крајниот резултат од првиот натпревар, иако потајно се надевам дека можеме да направиме позитивен резултат. Што би значело позитивен резултат? Едноставно за мене позитивен резултат е и да се одигра нерешено со Ливерпул. И тие се од крв и месо и тие играат единаесет и ние играме единаесет, така да мене многу ме охрабрува атмосферата во клубот и размислувањето на нашите фудбалери“, изјави Стратев, шефот на стручниот штаб на Работнички.
„Земав за храброст и ќе играме во формација 4:3:3, без разлика што се работи за Ливерпул. Во зависност од резултатот може да дојде до преформација во 4:5:1, но ќе играме со троца фудбалери кои имаат класични офанзивни квалитети, Вандаир, Фабио, Зе карлос Фиљо“, заклучи Стратев.
Капитенот никола Глигоров порачува дека и покрај одливот на неколку од соиграчите, поради направените трансфери, останатите живеат за пресметката со Ливерпул и ќе дадат се од себе во одлично светло да го презентираат македонскиот фудбал.
„Се надевам дека достоинствено и со голема самопочит ќе влеземе во натпреварот, и дека ќе ги оправдаме сите македонски очекувања, бидејќи ова е голем ден за Работнички и за македонскиот фудбал воопшто“, изјави Глигоров.
Од безбедноси причини и по препорака од УЕФА, портите на Националната арена, во четврток, ќе бидат отворени во 18.20 часот, а со цел да се избегнат турканиците и да се овозможи подобра контрола на билетите, кои се распродадени во целост, ќе бидат затворени во 19.45, иако натпреварот почнува еден час подоцна.
ОСТАНАТИ СОДРЖИНИ ОД Фудбал
|
|
ПОБЕДА УТРЕ ПРОТИВ ЕРМЕНИЈА ЕДИНСТВЕНА ОПЦИЈА ЗА ФУДБАЛСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА
Поразот од Словачка е минато и нема време за анализа, следува Ерменија утре во Скопје која едноставно мора да ја победиме, вака размислуваат во нашата репрезентација пред втората средба во квалификациите за ЕП кое 2012 ќе се одржи во Полска и Украина.Селекторот Мирсад Јонуз...
|
|
|
Квалификации за ЕП 2012-Македонија поразена од Словачка
Словачка-Македонија 1:0...
|
|
|
МАКЕДОНИЈА ВЕЧЕРВА ПРОТИВ СЛОВАЧКА ГИ ЗАПОЧНУВА КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ЕП 2012
Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва од 20:30 во Братислава на стадионот Пасиенки против Словачка ги започнува квалификациите за ЕП кое 2012 година ќе се одржи во Полска и Украина. Ова ќе биде петти официјален натпревар со Словачка од која досега загубивме...
|
|
|
МАКЕДОНИЈА ПРОТИВ СЛОВАЧКА УТРЕ ГИ ЗАПОЧНУВА КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ЕП
Фудбалската репрезентација на Македонија утре против Словачка ги започнува квалификациите за ЕП. Селекторот Мирсад Јонуз и капитенот Горан Пандев денеска на прес конференција во Братислава порачаа дека Словачка е фаворит но Макеоднија има капцитет да...
|
|
|
ОДИГРАНИ СИТЕ СРЕДБИ ВО 5 КОЛО ВО ПМФЛ
Со средбата Шкендија - Силекс комплетирано 5-то коло во ПМФЛ. Во ова коло Вардар ја забележа првата победа сезонава против Пелистер кого го совлада со 1:0. На табелата по ова коло во водство е Металург со 11 бода пред Хоризонт со 10 и Тетекс кој има 9 бода....
|
|
|
ЗЛАТАН ИБРАХИМОВИЌ ОФИЦИЈАЛНО ВО МИЛАН
Повеќе нема дилеми Ибрахимовоќ е нов играч на Милан кој на Барселона доколку и исплати 24 милиони евра ќе го обезбеди како свој играч. Златан Ибрахимовиќ во Милан ќе заработува 8 милиони евра и е позајмен играч оваа сезона. Преговирите траеа цела недела и вечерва се успешно...
|
Премиерот Груевски го поздрави донесувањето на собранискиот Деловник
Иванов со позитивни очекувања од посетата на Брисел
Комитет на Европарламентот ја поддржа визната либерализација за Албанија и БиХ
Баросо: Пред Европската унијата стојата пет големи предизвици
Намалена каматната стапка на државните записи за 0,3 отсто
Југозападниот бедем на Скопско кале осветлен за 8 Септември
Делегацијата на ЕК: Надежи дека атмосферата на компромис ќе ја зајакне работата на Парламентот на ЕУ агендата
За пратениците корисна средбата со шефот на државата пред заминувањето во Брисел
Груевски: Зголемената стокова размена уште еден добар сигнал за подобрување на економијата
Груевски: Владата ќе направи напори да најде дополнителни средства за Антикорупциска, ако се доведе во прашање нејзиното работење
Кавадаречките лозари имаат целосна поддршка од локалната самоуправа за надминување на проблемите
Убиецот на кичевката Верка Лазеска со кривична пријава пред истражен судија
Во последните три месеци повеќе од 1.000 пријави за кршење на работничките права
Питер Фејт: Нема разговор за статусот на Косово
Словенија, Хрватска и Србија ќе формираат заедничко железничко претпријатие
Цветковиќ се надева дека СБ ќе ја усвои резолуцијата за Косово
„Кроација ерлајнз“ не е заинтересирана за здружување
Новиoт сoстав на грчката Влада положи заклетва
Комитет на Европарламентот ја поддржа визната либерализација за Албанија и БиХ
Лажна тревога во авион на „Монтенегро ерлајнс“
Отунбаева се закани со откажување на изборите
Марс можеби сепак не е безживотен
МААЕ ја критикува Сирија дека одбива да дозволи инспекции на ОН на сомнителен објект разурнат од израелски воздушен напад во 2007
Тропската бура „Хермина“ стигна во Тексас
Десетици куќи уништени во голем шумски пожар во Колорадо
Северна Кореја бара од САД да ги повлечат трупите од полуостровот
Можно е ширење на тропските болести поради глобалното затоплување
- Во Македонија
- Во Грција
- Во Албанија
- Во Турција
- Во Бугарија
- На Јадранско Море
- На друго место
| Ознака | Држава | Ном. | Куповен | Продажен |
|---|---|---|---|---|
| EUR | ЕМУ | 1 | 61.24 | 61.85 |
| USD | С А Д | 1 | 47.57 | 48.05 |
| CHF | Швајцарија | 1 | 46.85 | 47.33 |
| GBP | В.Британија | 1 | 73.06 | 73.79 |
| SEK | Шведска | 1 | 6.58 | 6.65 |
| NOK | Норвешка | 1 | 7.77 | 7.85 |
| JPY | Јапонија | 100 | 56.48 | 57.05 |
| DKK | Данска | 1 | 8.22 | 8.31 |
| CAD | Канада | 1 | 45.97 | 46.44 |
| AUD | Австралија | 1 | 43.64 | 44.08 |
