Кошарка

31.07.2010

Квалификации за ЕП: Од „Илинден“ тргнува резервацијата за трето учество на континенталниот собир

slika

Кошаркарската репрезентација на Македонија, в сабота, рано наутро тргнува на долгиот пат во Јужни, каде против Украина, на „Илинден“ (2 август) ќе ги стартува новите квалификации за Европското првенство во Литванија. Според проценките на селекторот Марин Докузовски, за сигурно, да се избори третото учество на континенталниот собир потребни ќе бидат две победи од гостински терен, па токму Украина, која има два НБА кошаркари во составот, ќе биде земјата од каде ќе се впишуваат првите бодови.

„Имавме интензивни подготовки во изминатите 30-тина денови. Најголем проблем по отказите на Владо Илиевски и на Дариус Вашингтон беше позицијата плејмејкер. Со добивањето на македонски пасоши на Меккејлеб и Грин, очекувам таа позиција да биде пополнета. Но, и на двајцата ќе им биде потребно воигрување со тимот“, се осврна селекторот Докузовски, најпрвин на непријатниот дел од подготовките, за потоа на денешната средба со новинарите да додаде: „Калкулации во овие квалификации нема да правиме. На секој натпревар ќе играме максимално и ќе одиме на победа затоа што објективно за да се квалификуваме, ние мора да ги победиме сите натпревари дома и да бараме брејк на најмалку два натпревара“, потенцираше Докузовски, кој беше селектор во 2001 година, кога токму Украина не исфрли од пласманот на завршницата во шампионатот во Турција.

Првиот дуел Македонија го игра во понеделник против Украина, а поради тоа што во моментов натпреварувачки е во подобра форма на позицијата плејмејкер ќе настапи Маркиз Грин, додека Лестер Бо Меккејлеб своето деби во репрезентацијата на Македонија ќе го има на некој од следните натпревари.

„Го немаме лидерот Врбица, но оваа репрезентација ја краси тоа што сите сме заедно, сите сме еден вид дванаесет капитени и сите играме еден за друг. Кога сите играме заедно мислам дека нема шанси да изгубиме натпревар“, изјави Перо Антиќ.

Македонија се наоѓа во групата Б, а покрај Украина во тринеделните борби за првите две места кои директно обезбедуваат пласман на ЕП во Литванија идната година, по двапати ќе се пресметаме уште со репрезентациите на Велика Британија, Унгарија и Босна и Херцеговина.

Распоред на квалификациските натпревари, Б група:

1. коло: Украина - Македонија 18.00 (Јужни, 02.08.2010) 

2. коло: Македонија - Унгарија 20.45 (Скопје, 05.08.2010) 

3. коло: В. Британија - Македонија 17.00 (Њукасл, 08.08.2010) 

4. коло: Македонија - БиХ 20.45 (Скопје, 14.08.2010)

5. коло: Македонија - Украина 20.45 (Скопје, 17.08.2010)

6. коло: Унгарија - Македонија 19.00 (Солнок, 20.08.2010

7. коло: Македонија - В. Британија 20.45 (Скопје, 23.08.2010) 

8. коло: БиХ - Македонија 20.45 (Сараево, 29.08.2010)

ОСТАНАТИ СОДРЖИНИ ОД Кошарка

слика КОШАРКА СП: ПОЗНАТИ ОСМИНАФИНАЛНИТЕ ДВОЈКИ НА
Заврши фазата по групи на СП во Турција по што се формирани осминафиналните двојки. Првите два натпревари се играат во сабота....
слика МАКЕДОНИЈА ПОРАЗЕНА ОД БИХ НО СЕ ПЛАСИРАШЕ НА ЕП ВО ЛИТВАНИЈА
Кошаркарската репрезентација на Македонија поразена од БИХ со 83:71 но сепак се пласираше на завршниот дел на ЕП кое догодина ќе се одржи во Литванија. За нашата репрезентација ова е трето учество на ова континенатлно натпреварување и второ во низа. Меккејлеб со 19 коша беше...
слика МАКЕДОНИЈА ЈА СОВЛАДА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА СО 75:56
Македонската кошаркарска репрезентација ја совлада Велика Британија со убедливи 75:56 и се наоѓа на чекор од пласман на ЕП во Литванија. Ова е една од клучните победи во квалификациите но за да се заврши успешно мисијата ЕП потребно е да победиме и на  последната средба...
слика МАКЕДОНИЈА ПОРАЗЕНА ОД УНГАРИЈА 85:82
Кошаркарската репрезнтација на Македонија загуби од Унгарија со 85:82 во 6 - то коло во квалификациите за ЕП  кое догодина ќе се одржи во Литванија. Унгарија доминираше во првото полувреме  во кое тотално ја контролирше играта а со тоа и резултатот и  во еден момент  имаа...
слика КОШАРКАРИТЕ ВЕЧЕРВА И ГОСТУВААТ НА УНГАРИЈА
Кошаркарската репрезентација на Македонија вечерва во Солнок и гостува на Унгарија во шестиот натпревар во квалификациите за ЕП. Македонија е фаворит на оваа средба, потребна е победа за остварување на примарната цел во овие квалификации а тоа е настап на завршниот дел на...
слика КОШАРКАРИТЕ НА ГРЦИЈА И СРБИЈА СЕ СТЕПАА НА АКРОПОЛИС КУПОТ
Неславен крај со општа тепачка на натпреварот помеѓу Грција и Србија на Акрополис купот во Атина. Натпреварот бил прекинат на две минути пред крајот кога дошло до општа тепачка предизвикана од плејмекерот на Србија Теодосиќ и крилото на Грција Фоцис. Инцидентот добил уште...