За нашиот тим

13 October, 2017 - 13:10
3инсајдер | бр. 001

ЗА НАШИОТ ТИМ

Драган (46),
уредник за економија

Иако Драган не е новинар по образование, тој се има снајдено одлично во новинарската професија каде што успешно се држи до основните принципи. По професија дипломиран економист, Драган има многу идеи како да ја зголеми продажбата на неделникот и приходите од реклами. Има развиено блиски контакти низ целата бизнис заедница и често може да се види во друштво на некои од најуспешните луѓе во Македонија.

Кристина (49),
новинар во Инсајдер

Кристина, иако молчалива, е новинар со цврст и јасен став за сите етички прашања во редакцијата. Избегнува жолто и сензација и се интересира за тоа што е добро во општеството. Припаѓа во друштво на високата култура и често може да се забележи на сите културни манифестации. Обожува кафе, театар, опера и висока мода.

Александар (33),
новинар и истражувач

Дипломиран новинар по образование. Тој млад и енергичен новинар кој што е заљубен во својата професија и адреналинот кој што со себе го носи истражувачкото новинарство. Иако млад, тој е доста искусен и признат творец во истражувачкото новинарство. Секогаш е во потрага по најновата афера и често успева да дојде до крајот на нештата. Добитник е на бројни награди и признанија во својата кратка, но плодна кариера.

Дејан (33),
новинар

Примерен и исполнителен во својата работа, Дејан е еден од помладите новинари во редакцијата на Инсајдер. Дипломиран новинар по образование. Позади срамежливиот и повлечен карактер се крие многу прониклив и аналитичен новинар. Поради тоа Дејан често успева да дојде до темите. Функционира според принципот „тивка вода брег рони“.

1 2 3 4
Веста е прочитана 1153 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.