Интервју со Дејан Лилиќ

27 October, 2017 - 14:50
инсајдер

НОВОСТИ ОД ИНСАЈДЕР ...

читајте редовно

Интервју со Дејан Лилиќ

Дејан Лилиќ имаше задача да го долови еден од поитнересните ликови во Инсајдер, а тоа е економскиот уредник Драган. Можеме да кажеме дека тој тоа го направи доста успешно. Всушност на Дејан Лилиќ тешко може да му се најде лик кој што не би можел успешно да го долови. Со Дејан разговаравме за Инсајдер, за искуството и текот на сниманњето и за неговиот лик Драган.

Инсајдер: Какво беше твоето искуство на сет?

ДЛ: Искуство кое е дефинитивно различно од досегашните, а кое со себе носи една своја оригинална карактеристика. Во тоа има и возбуда и стрес и забава, но сето тоа е проткаено со огромна концентрација, работа, фокус на секакви нешта, па и на најмали и навидум небитни детали. Физички многу напорно, бара од тебе да бидеш максимално вклучен и присутен, нема простор за опуштање, а со тоа и нема простор на правење грешки. Но ако си однапред подготвен, сето тоа може да биде исклучително забавно, поучно и може да биде една голема школа, пред се лична.

Инсајдер:Која е најдобрата/најлошата особина која ја има твојот лик?

ДЛ: Правичен е, можеби и претерано, искрен, што може да биде непријатно за околината, работлив е, не забушава, знае да помогне, но знае и да ти го загорчи животот, да биде и себичен и да калкулира во односите и информациите со кој располага.

Инсајдер: Омилена реплика?

ДЛ: „Работите не се секогаш такви како што изгледаат“

Инсајдер: Кој е најголем број пати што повтори една сцена?

ДЛ: Имаше 2 или 3 сцени со не повеќе од 4 дубла

Инсајдер: Колку гледачите ќе најдат сличности од секојдневието во секоја од епизодите?

ДЛ: Ќе најдат многу сличности, ќе препознаат многу работи, ќе препознаат луѓе од својата околина, па и ќе се препознаат себе си во некој ситуации.

Инсајдер: Порака за крај?

ДЛ: За жал, работите не се секогаш такви како што изгледаат, но тоа го дознаваме некогаш мноооогу доцна....но, од друга страна никогаш не е доцна

Веста е прочитана 206 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.