Интервју со Силвија Стојановска

10 November, 2017 - 13:14
инсајдер

НОВОСТИ ОД ИНСАЈДЕР ...

читајте редовно

Интервју со Силвија Стојановска

Улога на дамата од високата култура – Кристина ја игра искусната актерка Силвија Стојановска. Со Силвија разговаравме за Инсајдер и за текот на снимањето. Таа не го криеше своето воодушевување од сценариото, целата екипа и од сценографијата.

Инсајдер: Какво беше твоето искуство на сет?

СС: Инсајдер го засакав на прво читање! Одлична идеја на Сашо Кокаланов! 26 епизоди кои во супер соработка ги завршивме со 5 различни режисери (Изи, Дарјан, Вардан, Марија и Дина) е нешто што долго ќе го памтам. Мило ми е што имаме млади режисери кои одлично си го знаат занаетот. И уште нешто, прв пат работам серија во толку „профи“ изградено студио. Сетот беше толку верен што заборавив дека всушност просторот е направен за серијата и дека по завршување на снимањето едноставно ќе се демонтира.

Инсајдер: Омилена реплика?

СС: „Сакам да посвојам дете бегалец“

Инсајдер: Кој е најголем број пати што повтори една сцена?

ДЛ: СС: Навистина не знам, но немаше многу повторувања. Серијата се снимаше доста брзо, со оглед на тоа што на ден завршувавме по една епизода.

Инсајдер: Колку гледачите ќе најдат сличности од секојдневието во секоја од епизодите?

СС: Мислам дека ќе најдат многу сличности. Оваа серија е поврзана со нашето секојдневие. Се рабори за наши новинари, теми, проблеми...

Инсајдер: Порака за крај?

СС: Држете ги очите, ушите и мозокот отворени, не ви треба никој да ве убедува во она што самите можете да го видите, чуете и да донесете заклучок.

Веста е прочитана 132 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.