Вести Македонија

Македонија ѝ донира тенкови на Украина

Министерството за одбрана и Армијата потврдија дека и се донирани тенкови на Украина, истакнувајќи оти се работи за тенкови од третата генерација, а со оглед на развојот на технологијата, неконкурентни и некомпатибилни.

Од Министерството без да ја споменат бројот на донираните тенкови, за МИА информираа дека дополнително во наредниот период би требало да се трошат и ресурси за уништување на тенковите, што според нив е нецелисходна активност за нашата Армија.

Согласно донесените Одлуки од страна на Владата на Република Северна Македонија во неколку наврати донираше воена опрема за Украина во согласност со нивните барања и потреби, а во координација со сојузниците. Република Северна Македонија како кредибилна членка на НАТО, во линија со сојузниците и партнерите, почитувајќи го територијалниот интегритет, суверенитет и правото на самоодбрана на Украина, притоа строго осудувајќи ја агресијата на Русија на Украина, ги донесе овие Одлуки да упати помош на Министерството за одбрана на Украина, со одредена количина на материјални средства, наведува МО.

Додаваат дека врз основа на извршените анализи, препораки и усвоени планови за опремување на Армијата на Република Северна Македонија во наредниот период ќе се изврши трансформација, односно расформирање на тенковскиот баталјон, која како што велат оттаму веќе е во тек, и ќе се пристапи кон воспоставување на модерни и современи противоклопни способности и капацитети во Армијата.

Информираат дека имајќи ги предвид, НАТО-одбранбено планирање, планот за модернизација и опремување на Армијата, во тек е проект „Набавка на лесни оклопни возила на тркала“, согласно договорот со американската Влада, кој е започнат во 2019 година со склучување на Договори помеѓу Владите на Република Северна Македонија и САД.

Пред некој ден пристигна и испораката на првите 6 ЛОВ JLTV во рамките на овој проект. Оваа испорака претставуваат сериозен исчекор во процесот на модернизација и опремување на Армијата согласно НАТО стандардите и ќе бидат поддршка на Лесната пешадиска баталјонска група во Штип, која воедно е наша НАТО единица како и замена на застарените тенковски капацитети кои нема да бидат дел од армиската формација појаснуваат од Министерството.

Појаснуваат дека Министерството се наоѓа во процес на реформа и модернизација кој предвидува динамична набавка на современа техничко-технолошка опрема.

Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија е во процес на реформа и модернизација кој предвидува динамична набавка на современа техничко-технолошка опрема во согласност со цврсто определени приоритети, приоритети за остварување на соодветни НАТО-цели на способности во согласност со НАТО-утврдената методологија за доктринарност, организираност, обука и образование, материјална поддршка, лидерство, персонал, инфраструктура и интероперабилност. Наша главна цел е воспоставување на финансиски прифатлив и одржлив одбранбен сектор и модерна и флексибилна армија со нова структура и со намалена бројна состојба која ќе биде способна за извршување на одбранбените мисии од Уставот на Република Северна Македонија, националните стратешки документи и задачи произлезени од НАТО стратегискиот концепт, потенцираат од Министерството.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Пјонгјанг продолжува да ги тестира севернокорејските воени капацитети

Дејан Дејан

Ќе се зголемува европскиот фонд за одбрана

Дејан Дејан

Инцидент во рудник во Русија, 13 луѓе се заробени под урнатини

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе