ССМ СО ДЕФИЛЕ ЗА ПРВИ МАЈ, ЗДРУЖЕНИЈАТА СО ПРОТЕСТ

28 April, 2014 - 19:29

Први мај, Меѓународниот ден на трудот, ги подели синдикалците,а во втор план повторно останаа работниците. Сојзуот на синдикати, најголемото синдиклано здружување, симболично без протест  со инцијатива за законски измени, ќе продефилира на скопските улици. Првиот синдикалец, Живко Митревски, смета дека од поголема важност е најголемото синдикално јадро да и укажува на власата за подборување на правната рамка, отколку да се однесува ирационлано и да протестира.

 

Оградувањето на ССМ од протести, па макар и симобилични остава впечаток дека во земјава нема класни разлики, а Први мај се уште е симбол за скара и веслеба, како што му одговара на раководстовто на ССМ, кое несомнено ги одбрува сите политики на власта, велат граѓанските здруженија кои за на овој ден подготвуваат масовни протести.

 

Здруженијата до новиот владин и парламентарен состав ќе достават и конкретни барања.

  

На  протестите ќе се придружат и Здружението на новинари и Конфедерацијата на синдикати, а покрај  во Скопје, на 1 мај оваа година ќе се протестира и во Куманово. 

Павле Беловски

Веста е прочитана 96 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.