КРИЗАТА ХРВАТСКА ЈА ЧИНАТ 100.000 РАБОТНИ МЕСТА!

29 April, 2014 - 08:57

Хрватска во кризата изгубила над 100.000 работни места и речиси цел еден буџет, изјави хрватскиот заменик-министер за финансии Борис Лаловац. 

Лаловац потврди дека во рамки на владините мерки ќе се оданочуваат и каматите на штедење, но даночните олеснувања ќе бидат до 12.000 куни или 1.500 евра. 

Според него, дефицитот мора да се намалува и на приходна и на расходна страна.

- Која и да е мерка која сакате да ја воведете, секогаш ќе има незадоволни. Тоа е сосема јасно, затоа што предолго трае кризата, луѓето се нервозни, немаат работа, депресија има и кај претприемачите и кај потрошувачите, рече Лаловац. 

Веста е прочитана 113 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.