ЗА УКРАИНА ЗАГУБАТА НА КРИМ ИЗНЕСУВА 60 МИЛИЈАРДИ ЕВРА

29 April, 2014 - 08:59

Штетата поради загубата на Крим изнесува 60,5 милијарди евра, изјави вчера во Киев вршителот на должност украински министер за правда Павел Петренко.

- Министерството за правда ги анализираше информации за штетата, која настана поради загубата на Крим, кои ги испратија другите министерства и одделенија и процени дека штетата изнесува 950 милијарди гривни, истакна Петренко и додаде дека во тој износ не се пресметани вредностите на минералните ресурси.

Во Украина на 22 февруари дојде до промена на власта и соборување од власт на претседателот Виктор Јанукович, а Република Крим одби да ги признае новите власти на Киев. Крим беше анектиран кон Русија по референдумот, на кој повеќе од 96 отсто од граѓаните се изјаснија за оваа одлука.

Веста е прочитана 147 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.