ПРОТЕСТИ ПОД ЦРВЕНОТО ЗНАМЕ НА ТРУДОТ, А ССМ СО СВЕЧЕНОСТ!

1 May, 2014 - 15:08

Под црвеното знаме со работнички химни се славеше трудот и се бараа работничките права дефилирајќи низ  улиците на Скопје. Граѓански организации и работнички синдикати се одлучија со протест пред државни институции, да го одбележат 1 Мај, денот на трудот.

 

„Во приватниот сектор статусот на работниците е најлош. Каде се инспекциите да казнуваат кога работниците работат 

по 12 часа без надоместок“, рече Маријан Ристевски, Конфедерација на синдикати

 

Првомајскиот протест доби поддршка и од новинарите кои ја предводеа колоната до Собранието и до Владата.

 

„Не отстапуваме од нашите барање и подобрување на оваа ситуација. Ќе најдеме начини да ги оствариме нашите барање,“ рече Тамара Чаусидис, претседател на СНМ.

 

Претседателот на Сојузот на синдикати, Живко Митревски одбележувањето на 1 Мај го круниса со свечена седница на Синдикатот. Претходно, тој на штанд на плоштадот даде отчет за сработеното во неговиот мандат, нагласувајќи ја одличната соработка со владата.

 

„Различни се празнувањата, различни се проблемите кои ги имаат државите различни се стратегиите на синдикатите. Нашата стратегија и водењето на вакви кампањи и унапредувањето на социјалниот дијалог покажа дека и со преговарање и со договарање можат да се постигнат резултати, а еве гледате дека сме излезени денес и гледате дека сме на улица. Оваа наша стратегија е подобра од колку еден ден на улица“, рече Митревски, претседател на ССМ.

 

Најтешко за Митревски  беше како да одговори на прашањето дали минималната плата од 8800 денари, што го сметаат како свој успех во преговорите со владата, е во сооднос со минималната потрошувачката кошничка на секое семејство.

 

„Ние знаеме дека 8800 денари се премалку пари, но акО се земе предви дека минималецот е зголемен за 98 проценти, е одличен напредок,“ посочи Митревски

 

Први мај одамна веќе не е ден на скарата. Таквото празнувања бара добра плата и работа, за која во земјава тешко се доаѓа велат оние кои денеска се одлучија за штрајк наместо излет.

 

„Како висококвалификуван работник со месечни примања кај странските инвеститори да преживее со 8800 денари, кога му стигаат едвај за една недела“

 

„Да е добра ситуацијата со вработените во земјава, младите нема да ја напуштаат земјата“.

„Во Македонија млад човек единствнео може да се вработи само со партиска книшка“

 

И оваа година масовните протести изостанаа, благодарејќи на одлуката на Сојузот на синдикати да ги замени со разумен дијалог, и со барање до владата за измени и дополнувања во законот за бебздност и здравје при работа.

Павле Беловски

Веста е прочитана 152 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.