ПРОТЕСТ ВО КУМАНОВО: НЕМА СИНДИКАТ, РАБОТНИКОТ Е НЕЗАШТИТЕН

1 May, 2014 - 15:16

Собрани на плоштадот во Куманово, во помал број, претежно стечајци, пензионери и невладини активисти, луѓето велат  дека во Македонија не само што не се почитуваат работничките права, туку кај работникот постои и страв да излезе и да се бори за нив.

-Тешко, ништо не се почитува, исбркани сме на улица. Кој има пари, кој е богат, но кој си гладува гладува... македонскиот работник е еден од најзагрозените работници во светот. Овој ден е ден за борба на работничките права но, гледате како се уплашени и дискриминирани работниците? Ако се бореа за своите права, сигурно ќе беа меѓу нас, велат присутните на протестот.

 

И вработените во државните институции се под огромен притисок. За неистомислениците и партиски неподобните кадри следат дисциплински мерки и бркање од работа- посочува Маријанчо Ангеловски, работник од СВР Куманово.

 

-Политички прогон постои пред се` на луѓе кои не се партиски припадници на актуелното владејачко раководство. Се наоѓаат низа начини тие да се дискредитираат и замолчат. Да обрнеме внимание дека точката на вриење ќе дојде набргу, доколку не се превземат сериозни мерки, вели АНгеловски.

 

Тасевска Драгица, пензионер, вели дека дојде на протестот за да ги поддржи помладите работници, стечајците, и сите кои работат за мали пари, а притоа трпат невиден мобинг. Синдикатите, вели таа, не постојат, а работникот е незаштитен.

 

Од движењето за социјална правда „Ленка“ упатија критики до синдикалните организации кои не се приклучија на денешните протести.

 

Ангела Богоевска, од „Ленка“ упати остри критики до сите синдикати, кои наместо да го поддржат протестот, одлучија да организираат скара и пикник. 

 

- Првомајскиот протест не е само симболично одбележување на празникот. До владата ќе бидат доставени четири барања со кои ќе се подобрат условите за работа и ќе се почитуваат работничките права.

Фросина Лазаревска

Веста е прочитана 156 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.