ОЛАНД НАЈАВУВА ЕКОНОМСКИ ПРЕСВРТ

4 May, 2014 - 14:30

 Шефот на француската држава, Франсоа Оланд во денешното интервју за неделникот „Журнал ди Диманш“ тврди дека „економскиот пресврт доаѓа“.

Покрај другото тој тврди дека никогаш нема да се откаже да се среќава со Французите и покрај неговата рекордна непопуларност, јавува дописникот на МИА од Париз.

На 6 мај, Франсоа Оланд ќе ја прослави својата втора годишнина откако е станар в Елисејската палата. Прославата доаѓа по дебаклот на општинските избори, а нешто слично се најавува и за европските избори. Франсоа Оланд за нецели две години успеа да стане најнепопуларниот француски претседател во историјата на петата француска република.

Во денешното интервју за „Журнал ди Диманш“ тој тврди дека на почетокот од третата година на својот петгодишен мандат, новата фаза во неговото владеење ќе треба да дозволи „прераспределба на куповната моќ“.

- Влегуваме во втора фаза од петгодишниот мандат, обновата не е завршена но економскиот пресврт доаѓа, изјави францускиот претседател.

Втората фаза од неговиот мандат треба да биде одбележан со „посилен економски раст, поголема компетитивност, редистрибуција на куповната моќ и намалување на даноците. Се наоѓаме во друга организациска конфигурација и метода и во нова економска коњуктура, додава Оланд.

Минатиот вторник Националното собрание на Франција го усвои планот за 50 милијарди економија и покрај воздржаноста на четириесетина пратници од редовите на социјалистите и еколгистите.

За Франсоа Оланд, „Пактот за одговорност“ одговара на три принципи: јасност, видливост, стабилност. И според него французите ја знаат историјата за идните три години.

Односно, овај план на француската влада треба да придонесе за финансирање на 40 милијарди помали давачки за преторијатијата, од кои владата очекува да ги релансираат инвестициите и вработувањата.

Истовремено со планот Франција сака да го намали својот јавен дефицит на 3% од БДП во 2015 година.

Неделникот од своја страна појаснува дека францускиот претседател сака Французите да си ја вратат самодовербата: - Сакам да и дадам смисла на нашата историја. Сакам да Франција биде сакана... Тоа што барам е искреност. Нема никогаш да се откажам да се среќавам со французите, изјави Франсоа Оланд.

Шефот на француската држава сепак подвлекува дека намалуањето на невработенсота ветена за 2013 година, не е конкретизирано, и дека таа цел останува една од водечките насоки на неговиот мандат.

На 18 април, тој им изјави на работниците од „Мишелин“ дека „нема да има причини да биди кандидат“ за свој реизбор во 2017 година, односно „нема да има никаква шанса да биде реизбран“ ако дотогаш не се намали невработеноста во Франција. 

Веста е прочитана 139 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.