ИНДОНЕЗИСКАТА ЕКОНОМИЈА ДЕСЕТТА ВО СВЕТОТ

5 May, 2014 - 11:05

Со остварен бруто домашен приход од две илјади и 58 милијарди долари, според извештајот на Светската банка, инонезиската економија сега се вбројува во десетте најголеми економии во светот. Оваа 250 милионска земја, која во последната деценија на минатиот век уште беше во списокот на земјите во развој, во последните шест години на листата напредувала за пет места, претекнувајќи ги, покрај другите, економиите на Италија и Мексико.

Во анализата на Светската банка, што ја пренесуваат индонезиските медиуми, се наведува дека за таа држава најголеми пречки во развојот и натаму остануваат фискалната политика и нерамноправната распределба на приходите. Неофицијално,

само околу пет милиони од индонезијците спаѓаат во средниот слој, а  концентрацијата на богатството е во државни раце и не толку голем број семејства.

Аналитичари на Централната банка на Азија сметаат дека Индонезија сега има потенцијал до 2.020 година да се искачи на седмото, па дури на петото место волистата на најголемите економии. Азиската Банка советува либерализација на политиката за издавање лиценци и реформи во огромната државна администрација. Тоа се задачи кои државата може да ги реши на краток рок, а се препорачува и поголема отвореност кон странските инвеститори и фокусирање на решенијата за подобрување на енергетскиот потенцијал.

Веста е прочитана 114 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.