БЕНЗИНОТ И ДИЗЕЛОТ ПОСКАПУВААТ ЗА ПОЛОВИНА ДЕНАР

5 May, 2014 - 11:39

 Малопродажните цени на бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе се зголемат за половина денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на безинот од 95 октани ќе изнесува 80,00 денари за литар, а на бензините од 98 и од 100 окрани  ќе изнесува 81,50 денари. Цената на дизелот ќе изнесува 67,50, а на биодизелот 68,50 денари, додека на Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) 56 денари.

Се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 39,71 денари за килограм.

Веста е прочитана 89 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.