ИНСПЕКТОРИ ВЛЕГОА ВО ПОПЛАВЕНИОТ РУДНИК „ДОБРЕВО“

5 May, 2014 - 14:36

Рударски и трудови инспектори влегоа утринава во пробиштипскиот рудник Добрево, чиј сопственик е индиската фирма „Индо минерали и метали“. Рударскиот инспектор, Драган Димитровски  од направениот увид констатирал дека  се уште има  вода во јамите,иако количината е намалена за 60 проценти, во однос на претходните денови. Рудникот  е поплавен во делот каде што се врши транспортот на рудата, а 500 рударите веќе половина месец не одат на работа и не се врши експлоатација на рудата. И покрај тоа што рудникот е даден под концесија на индиската фирма, сепак општина и држвата пред два дена интервенираа, односно ја обезбедија резервната пумпа, која веќе два месеца е во дефект, вели Тони Тоневски градоначалник на општина Пробиштип.

 

Градоначалникот вели дека рударите веќе се загрижени, бидејќи 15 дена не се влезени во јамите, па не знаат и дали ќе си ја земат платата. 

 

И покрај тоа што состојбата  во рудникот Добрево се нормализира, рударите се уште не можат да влезат во јамите. Инспектори денеска   вршеа увид  и во рудникот за олово и цинк Тораница кај Крива Паланка, кој исто така е во сопственост на индиската фирма „Индо минерали и метали“.

Викторија Јованова

Веста е прочитана 112 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.