РАБОТНИЦИТЕ ЈА ЗАГУБИЈА ВЕРБАТА ВО СИНДИКАЛНО ОРГАНИЗИРАЊЕ

5 May, 2014 - 17:35

Синдикалното движење оддумира, работниците ја губат довербата во синдикатите. Само една третина од вработените во Македонија се членови на синдикат, покажуваат резултатите од истражувањето на професорот Андон Мајкошев. Според него, улогата на политиката и мешањето на политичари во највисоките раководни функции во синдикатите,се причини зарди кои работниците  се откажуваат од синдикалното здружување.

 

-Синдикатите работат со страв и резерва и не ги исполнуваат функциите за кои постојат,а доказ за ова  се слабите остварувања на најголемите синдикати во земјава, смета Мајкошев.

 

Штип, градот на тесктилната индустрија е без синдикат. Дали работниците се исплашени, незаинтересирани или, пак, им е толку добра живејачката што си седат дома, одговор нема ниту првиот синдикалец, Живко Митревски, кој денеска го посети центарот на текстилот со цел преку отворена трибина да привлече синдикални поддржувачи.

 

Празните плоштади и улици на Први мај и оваа година се вистинската слика за губењето на синдикланиот дух. Кога одредени синдикати и граѓански активисти се обидоа со протест да го разбудат синдикализмот, само мал дел од членстовото се одзва,   јавниот сектор не искажува незадоволство, а уште помалку, вработените во приватниот сектор.

 

Одлуката да се протесира барем и симболично дефилирајќи на работниците низ улциите и оваа година не беше опција за Сојзуот на сндикати, кој пропагира  дека единствено социјалниот дијалог и разговорите со инстиуциите на власта ќе ја подборат состојбата на работниците во земјата. 

Павле Беловски

Веста е прочитана 130 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.