ЗАРАДИ ТРИ ДЕНА СТАЖ НЕМА СТЕЧАЕН НАДОМЕСТОК

6 May, 2014 - 15:20

Три дена работен стаж му недостауваат на стечаецот Благој Николов од агрокомбинатот „Лозар“ за да може да зема 100 евра месечно, надомест за стечајци. Тој е жртва на  фирмата бидејќи не уплатила придонеси, иако во пракса, вели одработил и многу повеќе од минимумумот од 25 години кои се услов за стекнување на правото за надомест.

Слични проблеми имаат уште околу 200 неговите поранешни колеги. Работеле многу повеќе години од она што го бара новиот закон за обештетување на стечајците, но иако државата го имала мнозинскиот капитал во „Лозар“, во последните неколку години не им се подмирени придонесите. Сега бараат токму државата да го отплетка правниот лавиринт во кој се нашле.

Надоместокот за овие луѓе и нивните семејства живот значи. Преку нивното здружение пред една година се обиделе правдата да ја најдат и  во управниот суд ,но до сега одговор од таму нема. 

Билјана Николовска

Веста е прочитана 92 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.