РУСИЈА ОД 2030 ГОДИНА ЌЕ ЈА КОЛОНИЗИРА МЕСЕЧИНАТА

8 May, 2014 - 07:57

Русија подготвува планови за колонизација на Месечината веќе од 2030 година, објави московскиот весник „Известија“.

Според весникот, со програмата за колонизација на Месечината на Руската веселенска агенција Роскосмос се предвидува изградба на полигон и база за минерални ископување на површината на земјиниот природен сателит. 

Пред еден месец, рускиот вицепремиер Дмитриј Рогозин во авторски текст во „Росискаја газета“ најави дека „стартешките задачи на Русија за освојување на вселенското пространство“, вклучуваат и  засилено руско присуство во орбитата на Земјата, колонизација на Месечината и почеток на „освојувањето на Марс и на други објекти во Сончевиот систем“.

„Известија“ наведува дека со планот на Роскосмос не е исклучена можноста во населувањето на Месечината да се вклучат и приватни инвеститори.

- Месечината е првиот чекор од патот кон далечната Вселена, изјави раководителот на Институтот за вселенска политика на Русија, Иван Мојсеев, кој смета дека во иднина земјиниот природен сателит би можел да се користи како космодром за понатамошни истражувања на Вселената.

Веста е прочитана 154 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.