ОДБОЈКА

МАКЕДОНИЈА СО ПОБЕДА ГИ ЗАПОЧНУВА КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ЕП

9 May, 2014 - 09:31

Одбојкарската репрезентација на Македонија со победа ги почна претквалификациите за Европското првенство 2015 година. Вечерва во Струмица во натпрварот од првото коло Македонија го победи Азербејџан со 3:0 во сетови (25:15; 25:17 и 25:15) или вкупно 75:47 на поени. Најдобар играч на дуелот беше Никола Ѓорѓиев.

Во текот на целиот натпревар нашите одбојкари имаа контрола над резултатот, а селекторот Жарко Ристоски имаше можност да комбинира со играчите, како и да „сокрие“ дел од тактиката за следните два дуела.

Во првиот натпревар од групата 3 што се игра во Струмица, Шведска ја победи Грузија со 3:0 (25:19; 25:9 и 25:13).

Утре во 2.коло Македонија од 18 часот ќе игра против Грузија, а во недела во последното коло најверојатно во борба за првото место противник ќе ни биде Шведска

Веста е прочитана 153 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.