ТРГНА ВОЗОТ ЗА СОЛУН

9 May, 2014 - 14:01

Меѓународниот патнички воз Белград - Солун од денеска повторно по три години прекин, повторно сообраќа, соопшти компанијата „Железнице Србије“. 

Оваа линија беа прекината во февруари 2011 година по едностраната одлука на грчки железници. 

Грчката железничка компанија Треносе кон крајот на минатиот месец објави дека од 10 мај го обвновува движењето на грчките патнички возови од Солун до Софија, Белград и Скопје. 

„Железнице Србија“ во соработка со македонски железници и грчките железници одлучија возот Белград-Скопје-Солун-Белград да сообраќа секој ден од железничката станица во Белград во 18:45 часот, а од Солун во 15:52 часот.

Веста е прочитана 105 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.