ОДБОЈКА

ПАДНА И ГРУЗИЈА, СО ШВЕДСКА ЗА ПРВОТО МЕСТО

10 May, 2014 - 19:06

Најдобриот национален одбојкарски состав немилосрдно го сомле и вториот противник од третата група на претквалификацискиот турнир во Струмица за Европското првенство во Италија и Бугарија во 2015 година. Избраниците на селекторот Жарко Ристосвски за 62 минути ја прегазија Грузија дозволувајќи и во максималниот триумф од 3:0 да освојат 13 поени во првиот, 12 поени во вториот и највеќе 14 поени во третиот сет.

Во недела најдобрите одбојкари за првото место во третата група се среќаваат со Шведска, која исто така со максимален триумф од 3:0 (25:16, 25:15, 25:17) го совлада Азербејџан.

Првопласираните репрезентации од трите претквалификациски групи во Струмица, Унгарија и Луксембург одат директно во втората рунда, како и двете најдобро второпласирани селекции.  

Веста е прочитана 141 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.