РЕФЕРЕНДУМОТ ВО ДОЊЕЦК ЈА КАЧИ ЦЕНАТА НА НАФТАТА

12 May, 2014 - 09:09

Терминските цени на нафтата се зголемија, откако проруските сили во источна Украина соопштија дека 89 отсто од избирачите на референдумот во Доњецк гласаа за независност.

Барел американска „лесна“ нафта за испорака во јуни поскапе на трговската берза во Њујорк шест центи на 100,05 долари за барел, додека истата количина на северноморската нафта од типот „брент“ за јунска испорака на берзата во Лондон чинеше 108,20 долари, односно 31 цент повеќе во споредба со минатонеделното работење.

- Поради опасност од ескалација на геополитички тензии внатре и надвор од Украина, залихите на нафта би можеле да бидат нарушени, изјави берзанскиот аналитичар на сингапурската компанија „ЦМЦ Маркетс“, Дезмонд Чуа. 

Веста е прочитана 87 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.