И МАКЕДОНИЈА МОРА ДА СТАНЕ ДЕЛ ОД СЕПА - ПЛАТЕЖНАТА ОБЛАСТ

13 May, 2014 - 15:15

Македонија мора да стане дел од Единствената европска платежна област СЕПА за да се намали вкупниот трошок во економијата за плаќања во странство. Приклучувањето кон СЕПА, според банкарите, ќе значи создавање пазар на поврзани плаќања низ цела Европа, за која било фирма, организација или пак, поединец кој прима или врши плаќање во евра. СЕПА е иницијатива на ЕУ ,Европската комисија и ЕЦБ, а Македонија ќе стане дел од системот кога ке биде членка на ЕУ.

Томаз Хладек, од „Чешка банкарска федерација“ вели дека СЕПА е предност за земујата која е кандидат за ЕУ. Кога ќе станете членка на ЕУ, ќе добиете многу кус рок, од една година  за усогласување, вели Хладек. 

Мартин Кадорик од  „Комерцијална банка“ - Чешка вели дека штом ќе се воведе овој систем за плаќање дека тоа ќе значи финаниско поврзување со сите институции на ниво на ЕУ. Воведувањето на т.н финансиска комуникација за промена на трансферите во евро валута,к е важи за сите земји, нагласува Кадорик.

Јитка Пантучкова од Здружението на банкарство вели дека спроведувањето на СЕПА  стандардите е скапа и долга постапка затоа што има големи технички побарувања, но дека мора да го примени секоја комерцијална и централна банка. 

 

Бенефитите од примената на СЕПА  се однесуваат и на банките и на фирмите бидејќи сега трошокот се фактурира на клиентот. Со него се зголемува конкуренција и транспарентноста во платежните услуги и се гарантира дека исплатата ќе биде навреме и во целост извршена.

Гувернерот Димитар Богов вели дека Македонија не е вклучена во овој систем. Тоа е двостран процес, но има можности за приближување, да ги намалиме трошоците за плаќање во други држави, вели Богов и нагласува дека Народната банка размилсува во таа насока.

Ѓорги Јанчевски од Здружение на банкарство вели дека калкулациите и ефектите говорат дека ќе се намалат вкупните трошоци, движењето на капитал од 2-3 проценти од БДП, дека ќе се зголеми ефикасноста на системот,што ќе се рефлектира на крајните потрошувачи 

Единствена европпска платежна област за банките и за реалниот сектор овозможува сите електронски плакања да бидат едноставни како и готовинските исплати, со што ќе се прави брз и сигурен трансфер во евра мегу сметките. Крајниот рок за усогласување со одредбите од СЕПА за земјите од еврозоната е 1 август 2014, а за земјите надвор од еврозоната 31 октомври 2016.

Виолета Зајкова

Веста е прочитана 110 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.