КИРОБО И ВАКАТА

13 May, 2014 - 19:12

Јапонскиот астронаут Коичи Ваката се збогуваше со неговиот необичен колега, роботот Киробо, во видеото ш0то беШе презентирано денеска за време на напуштањето на Ваката на Меѓународната вселенска станица на која помина шест месеци. Како дел од неговата мисија јапонскиот астронаут правеше експерименти на разговор на човек со робот со Киробо, првиот робот хуманоид во вселената.
Видето беше поставено од изумителите на Киробо. Томотака Такахаши, директорот на Робо Гараж и професор на Универзитетот во Истражувачкиот центар во Рокио за напредна технологија и наука вели дека Киробо е програмиран да ги прифаќа прашањата и да ги селектира зборовите од неговиот вокабулар за да одговорои соодветно.
Киробо треба да се врати на Земјата на крајот од годината.
Дарко Чекеровски

Веста е прочитана 150 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.