ГОШЕВ ОТКРИВА НОВИ МОМЕНТИ ЗА ПРОДАЖБАТА НА МАКЕДОНСКА БАНКА

14 May, 2014 - 18:45

Во НРБМ постојат документи дека Македонска банка е продадена за 900.000 евра но, што стоело зад зделката треба брзо и транспарентно да се докаже, вели во интервју за магазинот Инбокс 7, поранешниот гувернер Петар Гошев, кој на таа функција беше во времето кога оваа банка беше затворена. Македонска банка тогаш беше во очајна состојба, со крајно проблематичен акционер Јовица Стефановик Нини. По затворањето на банката во октомври 2007 година,вели тој, Нини и сопстевникот на тогашната А1 телевизија Велија Рамкоски се здружуваат со цел да го сменат од гувернерската позиција. 

 

„Двајцава бандити си го нашле интересот за одмазда кон гувернерот. На Нини му ја затворив Радо банка во која имаше 46 проценти, и тоа демек, не смеело да се случува. Нини наводно, оштетен од мене, не успеал да се договори со мене како што се договрарал со други институции да му се замижува пред законите. Велија пак имаше друг мотив. Во 2003 година дојде да му платам 220. 000 евра долг од Министерството за финансии направен кога Груевски бил министер.  Двајца бандити си го нашле интересот за одмазда кон гувернерот,тргнаа со секакви приказни, вели Гошев. 

 

По актуелизирањето на продажбата на Македонска банка од страна на опозицијата која тврдеше дека зделката тежи 1,5 милиони евра и дека во неа е вклучен и премиерот Груевски, Гошев вели дека тоа треба да го докажуваат надлежните институции, но вредноста за која таа е продадена според него, е никаква.

 

- Во НБРМ имаме документи за колку е продадена банката на Нини. Што стоело зад тоа не знам, но  она што го изнесе лидерот на опозицијата, го читаме сите, и колку што знам, има поднесок до надлежните органи кои се должни да одговорат.Тоа треба брзо и транспарентно да се докаже затоа што газда Нини ја добил банката за 900.000 евра. Кој посредувал и како не знам, но не сум бил јас.Таа вредност е никаква, нагласува Гошев.

 

Банката не смеела да му се продаде на овој српски бизнисмен кој  од тогашното раководство на банката е пуштен да влезе во банкарскиот систем, по критериуми по кои не би смеел да стане акционер, вели Гошев. Бидејки не можеше да работи согласно законите, НБРМ му даде рок од 6 месеци да ја продаде банката, а потоа уште 12, но Нини сопстевноста на банката ја продава на 16 нови друштва сопственост на Јака Радовиш  и целата нејзина вредност ја сведува на 5 милиони евра.Откако сфативме дека неговата цел не била да ја продаде банката туку да ја изигра довербата на НБРМ, попладнето на 16 октомрви 2007 година донесовме решение банката да се затвори, вели Петар Гошев.

Виолета Зајкова

Веста е прочитана 118 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.