НЕПРОМЕНЕТИ ПРОЕКЦИИТЕ НА НБРМ ЗА ЕКОНОМСКИ РАСТ

15 May, 2014 - 17:10

Непроменети проекции за економски раст има НБРМ за оваа и следната година. До крајот на 2014 година домашната економија ќе достигне раст од 3,7 отсто, а догодина 4,4 отсто. Ваквите очекувања се темелат на капацитетите отворени од странските инвеститори, јавните инвестиции, закрепнување на пазарот на труд и солидната кредитна поддршка, а главни носители ке бидат домашната потрошувачка и извозот. Во однос на октомвриските проекции девизните резерви се намалиле. За само два месеца од годинава, нивното ниво е пониско за 88 милиони евра. Заклучлно со април, имало 1.899.000 евра девизни резерви или 364 милиони евра помалку во однос на јануари 2013 година. Причина за тоа, според гувернерот Димитар Богов,  е пониското ниво на капитални приливи. Нормализирање се очекува со легнување на средствата од ИПА фондовите и со кредитот од 36,4 милиони евра од Светска банка.

 

-До април имаше одредено намалување. Во првиот квартал беше подобро, но немаше приливи, тука имаше потфрлање.Од мај движењата се обратни.Девизите се како во март. До крај на годината ќе се реализираат задоцнетите приливи, вели Богов.

 

И покрај ваквите очекувања, според проекциите на Централната банка, оваа и следната година трговскиот дефицит дополнително ке се зголеми.Според податоците, тој во првите три месеци од годинава изнесува над 580 милиони долари пред се заради продажба на девизи и трансакции за сметка на државата.

 

Во првиот квартал продававме девизи,од април смао купуваме. НБРМ е агент на државата, сите сметки одат преку нас. Државата плаќа од свои пари од сметките кои се во НБРМ, вели гувернерот.

 

Надолна корекција има и во проекциите за инфлацијата која се проценува на 1 пропцент за оваа и 2 процента за следната година, пред се, поради увозот на суровини од страна на инвеститорите. Во однос на кредитирањето на стопанството и граѓаните, се очекува стапката да се задржи на ниво од 7 до 8  отсто.

 

Виолета Зајкова

Веста е прочитана 136 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.