КВАЛИФИКАЦИИ ЕП

МАКЕДОНИЈА НА СТАРТОТ СО СЛОВЕНИЈА

16 May, 2014 - 13:49

 

Македонската одбојкарска репрезентација во петок од 15 часот против Словенија ќе го отвори вториот круг од квалификациите за Европското првенство во Бугарија и Италија. Еден ден одмор имаа избраниците на селекторот Жарко Ристовски по напорниот 22 часовен пат до Вроцлав каде ќе одиграат три меча во групата „А“ уште со Полска (сабота) и Летонија (недела). Првиот противник им е добро со кого имаат негативен биланс, но тоа не значи дека Словенија неможе да се добие. Во тоа веруваат и репрезентативците кои ќе атакуваат на триумф со кој би се избориле за второто место во оваа конкуренција за пласман во баражот, бидејќи главен фаворит за првата позиција е домаќинот и европскиот првак од 2009 година, репрезентацијата на Полска. 

Квалификации за ЕП - Вроцлав - 1. коло (петок):

Група А:

Македонија - Словенија

Полска - Летонија

Веста е прочитана 133 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.