КВАЛИФИКАЦИИ ЕП

МАКЕДОНИЈА НЕ ИЗДРЖА ДОКРАЈ ПРОТИВ ФАВОРИЗИРАНАТА СЛОВЕНИЈА

16 May, 2014 - 18:45

Најдобрите одбојкари пружија силен отпор во поразот од Словенија со 3-2, во првото коло од „А“ групата на квалификацискиот турнир во Вроцлав за Европското првенство чиј коорганизатори во 2015 година ќе бидат Италија и Бугарија. Словенечката репрезентација го доби првиот сет со 25:18, а потоа следуваше добра игра на нашите одбојкари и резултатски пресврт откако најпрвин во вториот сет вратија со иста мера за израмнување (25:18). Во третиот сет му дозволија на противникот да освои еден поен (25:19) повеќе и кога се очекуваше комплетен пресврт заморот го стори своето. Фаворизираната Словенија беше убедлива со 25:16 за израмнување на 2:2 за решавачкиот петти сет да го добие рутинирано со 15:8 и да обезбеди конечен триумф. 

Следниот меч Македонија ќе го игра утре (сабота) од 18 часот, во второто коло за противник ќе ја има домашната репрезентација на Полска, која стартуваше со максимален триумф против Летонија од 3:0 (25:15, 25:23, 25:16).

Третиот настап во Вроцлав македонските одбојкари ќе го имаат в недела против Летонија од 15 часот. Ова е прв турнир кој го играат овие четири репрезентации, а вториот ќе се одржи по седум дена во Словенија.

Веста е прочитана 155 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.