ОДБОЈКА

ПОРАЗ НА ОДБОЈКАРИТЕ ОД ПОЛСКА

17 May, 2014 - 21:23

Македонија попладнево загуби од домаќинот и фаворит за првото место во групата, Полска со 3:0 во сетови.

Првиот сет домашната репрезентација го доби со 25:13, а во следните два беше 25:15. Натпреварот траеше 68 минути.

На вториот натпревар од 2.коло Словенија уште еднаш победи со 3:2 (38:40; 25:18; 23:25; 25:18 и 15:10) во сетови, овојпат совладана беше Летонија.

На чело на табелата по две кола е Полска со 6 бодови, Словенија има 4, а Македонија и Летонија по 1.

Утре во последното коло Македонија со почеток во 15 часот ќе игра против Летонија

Веста е прочитана 123 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.