ШВАЈЦАРЦИТЕ ГЛАСААТ ЗА МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 3200 ЕВРА!

18 May, 2014 - 10:00

Швајцарците денеска излегуваат на биралишта за да гласаат за предлогот работниците да бидат платени најмалку 22 швајцарски франци (18 евра по час), што би било највисока минимална плата во светот.

Според предлогот работодавачите во таа држава би требало да ги плаќаат вработените најмалку по 4.000 франци (3.200 евра) месечно.

Поддржувачите за зголемување на минималната плата во Швајцарија истакнуваат дека тој потег би бил оправдан заради високите трошоци за живот во државата додека противниците укажуваат дека тоа финансиски би уништило голем број швајцарски компании.

На референдумот Швајцарците ќе се изјаснат и за поддршка за договор за купување борбени авиони од Шведска и за предлогот осудени педофили да не може да работат со деца.

Веста е прочитана 85 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.