ОДБОЈКА

МАКЕДОНИЈА ПРОТИВ ЛЕТОНИЈА

18 May, 2014 - 10:04

Македонската одбојкарска репрезентација попладнево со почеток во 15 часот го игра натпреварот од 3. коло од квалификациониот турнир за Европското првенство 2015 што се одржува во Вроцлав. Противник ни е Летонија, селекција која исто како и Македонија по двете кола има еден бод по поразот од Словенија со 3:2 во сетови.

Ова е можеби шанса за избраниците на селекторот Жарко Ристоски да ја забележат првата победа на овој турнир. Покрај натпреварот Македонија

- Летонија, се игра уште и дуелот Полска - Словенија.
На табелата прва е Полска со 6 бодови, пред Словенија со 4, Македонија и Летонија имаат по 1.

Од 23 до 25.мај во Љубљана се игра вториот квалификационен турнир, на кои ќе играат истите репрезентаци

Веста е прочитана 121 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.