ШВАЈЦАРЦИТЕ ГЛАСАА ПРОТИВ МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 4000 ФРАНЦИ

18 May, 2014 - 14:15

 Швајцарските гласачи го одбија на референдум предлогот за определување минимална плата од 22 швајцарски франци или 18 евра за час, покажуваат првите проекции по гласањето.

Предлогот за определување на таква минимална цена за еден работен час во земјата предвизвика поделени мислење во Швајцарија, но покрена и голем интерес во Европа, затоа што таа требаше да биде највисокиот „минималец“ во светот.

Предлагачите и швајцарските синдикати сметаа дека таквото барање е оправдано поради скапиот живот во земјата, а посебно на комуналните услуги. Според пресметките на синдикатот, работодавачите би требало да ги плаќаат своите вработени по најмалку 4.000 швајцарски франци или по 3.200 евра месечно.

Противниците тврдат дека станува збор за „самоубиствен предлог“ затоа што тоа ќе предизвика финансиски колапс за многу компании кои не ќе можат финансиски да ја издржат законската обврска за минималната плата.

Во најмоќната економија во Европската унија, Германија, минималната цена на работен час, дури во 2017 година треба да изнесува 8,5 евра.

Веста е прочитана 88 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.