ОДБОЈКА

МАКЕДОНИЈА ЗАГУБИ ОД ЛЕТОНИЈА

18 May, 2014 - 17:02

Македонската одбојкарска репрезентација со три порази го заврши првиот од двата квалификациски турнира за Европското првенство 2015 година. Попладенво во Вроцлав, Полска, репрезентацијата на Македонија во натпреварот од третото коло загуби од Летонија со 3:1 во сетови (102:88 на поени) во дуел што траеше 109 минути.

Првите два сета Летонија ги доби без поголеми проблеми со 25:17 и 25:19. Во третиот сет нашите одбојкари имаа постојано водство, но сетот сепак го добија „на разлика“ со 26:24. Во четвртиот сет противникот иако имаше водство, нашите одбојкари во финишот стигнаа до изедначување 22:22, но немаа сили за водство и Летонија го доби сетот со 28:26 за конечни 3:1.

До крајот на овој квалификационен турнир вечерва играат Полска и Словенија.

Од 23 до 25.мај годинава во Љубљана се игра вториот турнир од квалификациите.

Веста е прочитана 133 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.