БЕНЗИНОТ ПОЕВТИНУВА, ЦЕНАТА НА ДИЗЕЛОТ ОСТАНУВА НЕПРОМЕНЕТА

19 May, 2014 - 14:19

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат од 0,5 до еден денар за литар, а цената на дизелот ќе остане непроменета и во нарредните 14 дена, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

 

Бензинот од 95 октани поевтинува за еден денар и ќе чини 79 денари за литар. Цената на бензинот од 98 и од 100 октани, пак, се намалува за 0,5 денари и ќе се продава по 80 денари за литар.

Еуродизелот и биодизелот  остануваат со досегашните цени - 67,5, односно 68,5 денари, додека на екстра лесното масло за домаќинство останува цената од 56 денари за литар.

 

За 0,782 денари поскапува мазутот, и еден килограм ќе чини 40,492 денари.

Веста е прочитана 79 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.