ИСТОРИСКИ ДОГОВОР - РУСИЈА ЌЕ ЈА СНАБДУВА КИНА СО ГАС

21 May, 2014 - 15:49

Русија и Кина го потпишаа историскиот договор со кој руската државна компанија Гаспром во иднина ќе ја санбдува со гас кинеската економија. Детали од договорот, потпишан на маргините на посетата на рускиот претседател Владимир Путин во Шангај, не се соопштени.

Сепак, се верува дека станува збор за договор вреден околу 400 милијарди долари, што ќе значи дека Гаспром во следните 30 години ќе испорачува 38 милијарди кубни метри гас годишно во Кина.

Двете земји работеа на договорот речиси 10 години, а документот не беше потпишан порано поради несогласувања околу цената на природниот гас.

Анита Стојановска Буховски

Веста е прочитана 83 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.