ОДБОЈКА

ОДБОЈКАРИТЕ НА КВАЛИФИКАЦИСКИ ТУРНИР ВО СТОЖИЦЕ

23 May, 2014 - 09:56
Машката одбојкарска репрезентација на Македонија, од денеска до недела во словенскиот град Стожице ќе ги одигра последните три натпреварите од квалификациите за ЕП кое во 2015 година ќе се одржи во Италија и Бугарија. Минатата седмица во Вроцлав, Полска, во првиот круг од квалификациската група 1, нашите одбојкари беа поразени во три средби со што ги сведоана теорија  шансите за пласман на континенталниот шампионат. Во првиот натпревар денеска од 20 часот македонските одбојкари ќе играат против селекцијата на Летонија. Во сабота од 16 часот закажан е дуелот со домаќинот Словенија, а циклусот квалификации одбојкарската репрезентација на Македонија ќе го заврши во недела од 16 часот во дуелот против фаворитот Полска. Претходно на претквалифиакциите во Струмица,Македонија го освои 1.место. Табела: Полска 9 бодови, Словенија 4, Летонија 4 и Македонија 1.
Веста е прочитана 138 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.