ОДБОЈКА

МАКЕДОНИЈА ЗАГУБИ ОД СЛОВЕНИЈА 3:2

24 May, 2014 - 19:07

Одбојкарската репрезентација на Македонија доживеа пораз од 3:2 во сетови од домаќинот Словенија на вториот квалификациски турнир за пласман на Европското првенство 2015 година.

Нашите одбојкари пропуштија шанса за триумф, иако имаа двапати водство од 1:0 и 2:1 во сетови. Со овој пораз Македонија ги загуби и теоретските шанси за второто место во групата.

Првиот сет Македонија го доби со 26:24, а веднаш Словенците вратија со 25:20. Македонија имаше ново водство откако убедливо го доби третиот сет со 25:14, но домаќинот на турнирот повторно беше поуспешен со 25:20, а решавачкиот сет го доби 15:10. Во вкупниот број поени беше 103:101 за Словенија, а натпреварот траеше 127 минути.

Ова беше втор пораз со 3:2 од Словенија во овие квалификации.

За најдобар играч на натпреварот е прогласен Јовица Симовски од Македонија.

По некомплетното 5-то коло Полска е прва со 10 бодови, Словенија има 8, Македонија 5, а Летонија 4.

Во вториот натптревар од оваа рунда вечерва играат Полска и Летонија, а Македонија утре во последното коло ќе игра против Полска

Веста е прочитана 120 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.